Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира комерцијални јазични курсеви по четиринаесет светски јазици.
Искористете ја можноста да се запознаете со нов јазик во онлајн атмосфера под водство на искусни инструктори по јазик.
Постои можност за изучување германски јазик од областа на медицината (за лекари, сестри, негуватели). Се работи за основен стручен јазик од областа на медицината, не се однесува на ниедна медицинска специјализација.
Критериуми за пријавување:
- Изберете го јазикот којшто сакате да го изучувате и пријавете се на следните линкови до 9 октомври 2025 година.
- Откако ќе се формира вашата група ќе ве исконтактираме во врска со исплатата.
- Цената на јазичниот курс изнесува 12.000 мкд и има можност за плаќање на рати (плаќање на рати се одобрува само во случај на прифаќање на условите за исплаќање на целосната сума)
- Термините за курсот ќе бидат договорени во согласност со инструкторот по јазик. Истите ќе бидат закажани во две средби во текот на работната недела (понеделник – петок) во временската рамка меѓу 18:00 и 21:00 часот.
Нивото на курсот е почетно ниво, со можност за формирање продолжително ниво доколку има доволен број заинтересирани (истакнете во пријавата)
Пријавете се на следниот линк: https://forms.gle/8fHwC6bL3hHEAn1NA