Гостување на Луис Гарсија Монтеро
На 24.6.2026, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, гостуваше Луис Гарсија Монтеро, професор по шпанска книжевност, поет и актуелен директор на Институтот Сервантес. Присутната публика имаше можност да проследи многу инспиративно предавање за важноста на шпанскиот јазик во глобални рамки, за улогата на поезијата во осознавањето на светот и за нужноста од негувањето на различноста на јазиците и развојот на хуманистичките науки во доба кога времето станува првенствено продукт.
Благодарност до Амбасадата на Шпанија за соработката во организацијата на овој настан.



