Учество на 15. издание на Универзитетскиот саем за образование (EKET University preference fair) во Истанбул, Република Турција.

Во периодот од 24 до 26 јули 2026 година, делегација составена од
претставници од повеќе факултети во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предводена од проф. д-р Лазо Пендовски, проректор за финансии, известиции и развој, учествуваше на 15. издание на Универзитетскиот саем за образование (EKET University preference fair) кое се одржа во Истанбул, Република Турција.


На овој многу важен промотивен настан, на кој земаат учество над 200
високообразовни институции од регионот, од Источна и Западна Европа, од Азија и од Блискиот Исток, Филолошкиот факултет имаше можност на заинтересираните посетители да им ги претстави своите студиски програми на сите три циклуси, а особено кратките стручни програми за изучување на македонскиот и на англискиот јазик, кои на странските студенти им овозможуваат да се здобијат со познавања од
македонскиот и од англискиот јазик, за потоа да можат да ги реализираат своите студии на другите факултети во рамките на УКИМ.