Трет циклус (докторски студии) – пријавување испити и запишување зимски семестар во уч. 2020/2021 г.

I. ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА СЕПТЕМВРИСКИОТ ИСПИТЕН РОК 2020

Пријавувањето на испитите за септемврискиот испитен рок за студентите запишани на трет циклус студии ќе се реализира во периодот од 9.9.2020 до 11.9.2020 г., со следниве документи:
– Индекс
– Пријава за испит

II. ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ ВО СЕПТЕМВРИСКИОТ ИСПИТЕН РОК 2020

Полагањето на испитите за септемврискиот испитен рок за студентите запишани на трет циклус ќе се реализира во периодот од 14.9.2020 до 25.9.2020 г.

III. ЗАПИШУВАЊЕ ЗИМСКИ СЕМЕСТАР – уч. 2020/2021 г.
Запишување на семестарот за студентите запишани на трет циклус студии ќе се реализира во периодот од 14.9.2020 до 25.9.2020 г., со следниве документи:
– Индекс
– Образец за упис на летен семестар
– Образец за заверка на семестар
– Уплата на рата (за студентите со трошоци)

Ве информираме дека студентите кои ги немаат подмирено трошоците за летниот семестар, треба да го направат тоа во истиов период на уписот. Во прилог се податоците од сметката на Филолошкиот факултет:
Назив на примачот: Буџет на РМ-Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Сметка: 100000000063095
Износ: ххх денари
Сметка на буџетски корисник-единка корисник: 1600104235 788 10
Приходна шифра и програма: 723019 4

Ве молиме, да ги почитувате мерките за спречување на внесување и ширење на вирусот корона (Ковид-19/Covid-19), со задолжителна лична заштитна опрема (каква било форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и на лицето).