На 14.2.2024 г. на Филолошкиот факултет се одржа инфо-настан за COST акции. Настанот го отворија Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет и Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ.
Во панелот, кој беше модериран од Руска Ивановска-Наскова, учествуваа националниот координатор за COST Александар Тутновски, Мира Беќар, Владимир Цветкоски и Николче Мицкоски од Филолошкиот факултет. Панелистите зборуваа за нивните искуства со акциите во кои учествуваат и за можностите за вклучување во оваа програма по која следеше дискусија.
![](https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/2024/02/1.png)