Драги студенти,
Ве известуваме дека во тек е КОНКУРС ЗА НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР СТУДЕНТСКИ ПРЕВОД И СТУДЕНТСКА РЕЗИДЕНЦИЈА ЗА КНИЖЕВЕН ПРЕВОД „ВАВИЛОН – Нова генерација“ 2025.
Делегацијата на Европската унија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, со задоволство го објавуваат Конкурсот за награда за најдобар студентски превод и студентска резиденција за книжевен превод „Вавилон – Нова генерација“ 2025.
Повикот е упатен до сите универзитетски студенти (не постари од 27 години) кои во моментот на конкурирање се запишани најмалку на трета година студии на кој било од факултетите во земјава. Кандидатите треба да се пријават на конкурсот со превод од некој од 24-те службени јазици на Европската унија, кон кој било од јазиците што се зборуваат во земјата.
Краен рок за пријавување: 17 април 2025
Одржување на резиденцијата: од 05 до 08 мај 2025 во с. Радожда, Струга
Рок за поднесување на преводите: 15 јули 2025
Целиот повик, можете да го најдете тука.
Повеќе информации можете да најдете на следните линкови:
https://eeas.europa.eu/