Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во летниот семестар на академската 2024/25 година организира специјален онлајн курс за лекторирање и јазична редакција, наменет како подготовка на кандидатите што имаат намера да полагаат испит за добивање лиценца за лектор, но и како освежување на знаењата од областа современ македонски стандарден јазик за сите заинтересирани кандидати.
- Откако ќе се формира вашата група ќе ве исконтактираме во врска со исплатата.
- Цената на јазичниот курс изнесува 12.000 мкд и има можност за плаќање на рати (плаќање на рати се одобрува само во случај на прифаќање на условите за исплаќање на целосната сума)
- Термините за курсот ќе бидат договорени во согласност со инструкторот по јазик. Истите ќе бидат закажани во две средби во текот на работната недела (понеделник – петок) во временската рамка меѓу 18:00 и 21:00 часот. https://forms.gle/uyCzoLhyiFUfgDYA7