Центарот за кариера на УКИМ организира нов настан, трет по ред, под мотото „Зборуваме отворено за…“. Овој пат во фокусот ни е науката.

ЗБОРУВАМЕ ОТВОРЕНО ЗА НАУКА – „НАУКАТА ГО ПОВРЗУВА СВЕТОТ! ПОВРЗИ СЕ СО УКИМ!“

Настанот ќе се одржи на 12.04.2022 / 12:00-13:30 часот, на хибриден начин. 

Информации и пријавување на следниот линк.

Живеејќи и творејќи во време на 4-та индустриска револуција, го имаме тој предизвик, да чекориме по патот на
глобалните истражувања и технолошките иновации, кои креираат нов свет, базиран на континуиран развој.
УКИМ има цврста заложба за движење во чекор со времето и новините кои ги носи светот на откритијата, свет
кој создава цивилизациски придобивки и го подобрува општеството во целина.
Науката е значајна за секој поединец, станува отворена, разбирлива, граѓанска, двигател на развојот и дел од
современото живеење.
Драги студенти, вклучете се на 12-ти Април во 12:00 на Zoom, бидете дел од дебатата за наука, и откријте зошто сте Вие потребни.
На настанот ќе говорат:
1. Проф.д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ
2. Проф.д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ
3. Проф.д-р Јасмина Тониќ Рибарска, раководител на Центарот за кариера на УКИМ
4. Проф. д-р Валентин Мирчески, редовен професор на Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
5. Проф. д-р Марија Вавлукис, вонреден професор на Медицински факултет
6. Проф. д-р Ефтим Здравевски, доцент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
7. Проф.д-р Владимир Ивановски, редовен професор на Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
8. Проф.д-р Марјан Гушев, редовен професор на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
9. Проф. д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал и постојан член на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ
10. Проф. д-р Владимир Атанасовски, редовен професор на Факултет за електротехника и информациски технологии
11. Проф. д-р Ѓоше Стефков, редовен професор, Фармацевтски факултет
12. Марија Акимовска, Менаџер за развој на бизнис во THRIVITY, Модератор на настанот
Настанот е дел од серијалот Зборуваме отворено, во организација на Центарот за кариера на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и THRIVITY
Кариерниот центар, кој ги следи трендовите од областа на човечкиот капитал и се стреми кон остварување на визијата за креирање на отворен, конкурентен и транспарентен пазар на труд.
За да можете да го следите настанот онлајн потребно е да се пријавите на следниот линк.
Ве очекуваме!
Зборуваме за наука!
Зборуваме за младите!