На седми април 2022 г. (четврток), со почеток во 12:00 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Времето на Конески“ од проф. д-р Димитар Пандев.

Ова е книга за корифејот на македонскиот јазик и литература, за кого авторот ќе напише: „Конески ни ја отвори и ни ја оствари успешната приказна за македонскиот јазик, во која тој самиот беше главна лика, предводник на македоностиката.“

Книгата е добитник на престижната награда „Димитар Митрев“ на ДПМ за најдобра остварување од областа на критиката и есеистиката за 2021 година , а ќе ја промовира д-р Бобан Карапејовски. Настанот ќе се одржи во спомен –  собата на Миладиновци.

Димитар Пандев – е писател и универзитетски професор по општа лингвистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Авторе на 16 дела од областа на лингвистиката и филозофијата, пет прозни остварувања, една книга поезија, критички книги, повеќе антологии и научни студии.