Конкурс за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2023

Почитувани,

Здружението на преведувачи и толкувачи на РСМ во партнерство со Делегацијата на ЕУ започна со реализација на десеттото издание на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“.
Ова јубилејно издание започнува со информативна работилница која ќе се одржи на 13 октомври во 18.00 часот во просториите на Јуроп Хаус Скопје (зградата на Европската унија во Скопје).
На оваа работилница во разговор со искусни преведувачи, присутните ќе можат да слушнат подетално за условите на конкурсот, како до вистинското дело за превод кое ги исполнува критериумите и кои се придобивките од учеството.
Во прилог на оваа порака ви ги испраќаме и условите за пријавување на македонски и албански јазик. 

Со почит,
Ана Попова Манасиевска
претседател

Прилог:

Пријава МК | Пријава АЛБ