СООПШТЕНИЕ ЗА ИЗБОР НА ПРЕДМЕТИ ВО ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023

СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА

треба во електронскиот iKnow-систем (iknow.ukim.mk) да ги изберат предметите за зимскиот семестар во академската 2022/2023 година во периодот од

4.10. – 12.10.2022

За начинот и постапката за најавување во iKnow-системот и избор на предмети користете го Упатството објавено на веб страницата на Факултетот flf.ukim.mk | линк до упатството: https://flf.ukim.mk/prvo-najavuvanje-na-iknow/

Презентација на слободните изборни предмети ќе се одржи на 10.10.2022 година он лајн на платформата ЗУМ. Линк за презентацијата ќе ви биде доставен дополнително.

Студентите се должни запишаните изборни и слободни изборни предмети кои нема да се активираат поради мал број на студенти или евентуално поклопување на термините за настава да ги заменат најдоцна до 14 октомври 2022 година.

Распоредите за одржување и начинот на изведување на наставата е објавен на веб страницата на Факултетот flf.ukim.mk