Почитувани,
Ни претставува чест да ве поканиме на претставата на јапонската актерка Шоко Ито (Театар ИТО-ГУМИ), која ќе се одржи на 15.02.2024 (четврток) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” (Амфитеатар 3) – Скопје, со почеток во 17ч.
Деканат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје
Шоко Ито (伊藤組) е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 г. настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц. Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат: „Гејша самурај“, „Нобунага Она“, „Баба самурај“, „Мајсторот Шоко и Маргарита“, „Балекендан“, „Пес и мачка“. Добитничка е на редица награди за театарските претстави, а активна е и на филмската сцена. Во филмот „Цртање на небото“ игра 18 улоги. Кусиот филм „Моментум“, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија. Претставата се игра по повод јубилејот 30 г. дипломатски односи меѓу РС Македонија и Јапонија.