Потпишување нов меморандум за соработка со Амбасадата на Србија

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија потпишаа нов меморандум за соработка и заемно помагање при промовирањето на српскиот јазик и култура, како и презентирање на македонскиот јазик и култура, со цел за понатамошен развој на пријателството меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Благодарност до Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадор на Република Србија.

Галерија од потпишувањето на новиот меморандум за соработка