Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

и
Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
имаат чест да Ве поканат на настаните организирани по повод големиот јубилеј
„200 години од раѓањето на Фјодор Михајлович Достоевски“

ПРОГРАМА

11.11.2021 во 11:00 ч.

  • Промоција на збирката студентски преводи „Проект Достоевски: 200 години“
  • Проекција на видеото на московското калиграфско училиште „Ракописот на Достоевски“ (во превод на македонски јазик од студентите од Катедрата за славистика)
  • Проекција на видеоекскурзијата „Москва на Достоевски“ (во превод на македонски јазик од студентите од Катедрата за славистика)

12.11.2021 во 19:30 ч.

  • Тркалезна маса на тема „Достоевски и современоста низ призмата на индивидуалниот и општествен морал“

За моралните дилеми во делата на Достоевски и како тие се рефлектираат на современата стварност ќе зборуваат:

  • проф. д-р Мишел Павловски, Институт за македонска литература
  • проф. д-р Лорета Георгиевска, Институт за македонска литература
  • проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ, Богословски факултет
  • Кирил Минанов, писател и активист
    Модератор: д-р Емил Ниами, Руски центар при УКИМ

16.11.2021 во 12:00 ч.

  • Предавање под наслов „Ф.М. Достоевски: рецепција на творештвото и пророчки идеи“ на Људмила Хворова, Тамбовски државен универзитет „Г.Р. Державин“ (Русија) (предавањето ќе биде на руски јазик)

Сите настани ќе бидат организирани на платформата Zoom на следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/8334083242?pwd=a3UzTVlnTDhNM0RoRHFBeTYxdXZpQT09
Personal Meeting ID: 8334083242
Passcode: 0ZDKCC

Ве очекуваме!

Programa Dostoevski 200 godini