ПРАШАЛНИК ЗА СТУДЕНТИ
Драги колеги студенти,
Наглото префрлување на наставата онлајн во летниот семестар 2019-2020 заради пандемијата на КОВИД-19 беше предизвик за целокупниот образовен систем. Со оглед на најавите за можно продолжување на наставата онлајн наесен, ги истражуваме искуствата од држењето настава онлајн на колегите професори на Филолошкиот факултет. Целта е да утврдиме што можеме да научиме од досегашните искуства и како да понудиме поквалитетна настава во семестарот што доаѓа.
Многу ни е важно во размислувањата да ги земеме предвид и вашите студентски перспективи. Ова е можност да ни кажете кои наставни практики според вас се корисни и што би сакале да се промени. Ве охрабруваме активно да се вклучите во истражувањето независно од тоа дали и колку сте посетувале настава онлајн. Доколку не сте посетувале настава, тоа е во ред – во прашалникот наведуваме кои полиња да ги пополните во тој случај.
Овој прашалник не е тест, така што нема „точни“ или „неточни“ одговори. Нѐ интересираат вашите лични ставови. Прашалникот е анонимен и податоците ќе ги користиме исклучиво за истражувачки цели.
Ќе ви бидеме благодарни доколку одвоите десетина минути за пополнување на прашалникот,
Елена Ончевска Агер и Руска Ивановска-Наскова, професори на Филолошкиот факултет