Славистички студии бр. 19

Почитувани,
Со задоволство ве известуваме дека излезе од печат новото издание на списанието „Славистички студии“ број 19, посветено на проф. д-р Максим Каранфиловски по повод 70-годишнината од раѓањето. Изданието има 554 страници, 29 текстови од областа на лингвистиката, литературата, преводот и културата, како и девет прилози. Во овој број на Списанието покрај македонските учесници, со свои прилози има учесници и од странство, како Русија, Полска, Чешка, Словенија, Украина, Азербејџан, Австрија, Австралија, Јапонија и Кореја.