Курсеви по странски јазици

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во летниот семестар на академската 2024/25 година организира комерцијални јазични курсеви по шеснаесет светски јазици. Искористете ја можноста да се запознаете со нов јазик во онлајн атмосфера под водство на искусни инструктори по јазик.

Критериуми за пријавување:

    • Изберете го јазикот којшто сакате да го изучувате и пријавете се на следните линкови до 27 февруари 2025 година.
    • Откако ќе се формира вашата група ќе ве исконтактираме во врска со исплатата.
    • Цената на јазичниот курс изнесува 12.000 мкд и има можност за плаќање на рати (плаќање на рати се одобрува само во случај на прифаќање на условите за исплаќање на целосната сума)
    • Термините за курсот ќе бидат договорени во согласност со инструкторот по јазик. Истите ќе бидат закажани во две средби во текот на работната недела (понеделник – петок) во временската рамка меѓу 18:00 и 21:00 часот.

Нивото на курсот е почетно ниво, со можност за формирање продолжително ниво доколку има доволен број заинтересирани (истакнете во пријавата) https://forms.gle/xTDjxJP6zvQLRHpv9