Соопштение за студентите од втор циклус студии (постдипломски студии)

I. ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА СЕПТЕМВРИСКИОТ ИСПИТЕН РОК 2020
Пријавувањето на испитите за септемврискиот испитен рок за студентите запишани на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 9.9.2020 г. до 11.9.2020 г., со следниве документи:
– Индекс
– Пријава за испит

II. ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО СЕПТЕМВРИСКИ ИСПИТЕН РОК
Полагањето на испитите за септемврискиот испитен рок за студентите запишани на втор циклус ќе се реализира во периодот од 14.9.2020 г. до 25.9.2020 г.

Ве молиме, да ги почитувате мерките за спречување на внесување и ширење на вирусот корона (Ковид-19/Covid-19), со задолжителна лична заштитна опрема (каква било форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и на лицето).