На 10. и 11. септември 2026 г. Комисијата за упис обезбедува помош и решение за техничките проблеми при пополнувањето на пријавата. Повелете, ве очекуваме!

Рокот за пријавување и запишување е до 14 октомври 2026 г.

Başvuru ve kayıt tarihleri 14 Ekim 2026 arasındadır.

The deadline for application and enrollment is October 14, 2026.

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ
„Блаже Конески“

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е највисока образовна и научна и јавна установа од областа на филолошките науки во Република Македонија. Наречен е по истакнатниот книжевник и јазичар Блаже Конески (1921-1993) — еден од првите негови професори.

Најнови известувања и настани

УВЕРЕНИЕ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИК

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје врши проверка на знаењето на македонскиот, албанскиот, турскиот, англискиот, германскиот, италијанскиот, францускиот, словенечкиот, хрватскиот, шпанскиот и на други јазици.

ЦЕТИС МАК

Центар за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик

ФЦВ- Скопје

Франкофонски центар за вработливост на Универзитетската агенција на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот
„Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

центар за кариера и поддршка на алумни

На Факултетот работи Центар за кариера и поддршка на алумни кој е дел од Центарот за кариера на Универзитетот. Раководител на Центарот е м-р Милена Недевска, а негови членови се д-р Ведран Диздаревиќ и м-р Ана Димовска.

издавачка дејност

Филолошкиот факултет поседува и своја издавачка дејност. Покрај издавањето учебници за потребите на наставата, разни информативни и прирачни книги за студентите, се издаваат и низа монографски трудови од разни области на филолошките науки, речници и други лексикографски трудови, како и зборници на трудови од конференции, преводи и пригодни изданија по повод значајни јубилеи и годишнини.

ЕРАЗМУС +

Од своето постоење до денес Факултетот има остварено обемна и значајна меѓународна соработка преку склучување на меѓууниверзитетски договори, а меѓу позначајните се: Воронешкиот државен универзитет, Московскиот државен универзитет, Универзитетот Нова Сорбона Париз III, Карловиот универзитет во Прага, Универзитетот “Мартин Лутер ” во Хале, Универзитетот во Љубљана, Варшавскиот Универзитет, Универзитетите во Белград, Загреб и други…

Наши партнери

DAI - Developing an AI-assisted Italian Language Teaching and Learning System