КОНКУРС ЗА НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР СТУДЕНТСКИ ПРЕВОД И СТУДЕНТСКА РЕЗИДЕНЦИЈА ЗА КНИЖЕВЕН ПРЕВОД „ВАВИЛОН – Нова генерација“ 2024 

Со радост и задоволство Ве известуваме дека е распишан КОНКУРС ЗА НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР СТУДЕНТСКИ ПРЕВОД И СТУДЕНТСКА РЕЗИДЕНЦИЈА ЗА КНИЖЕВЕН ПРЕВОД „ВАВИЛОН – Нова генерација“ 2024 ...

Почитувани студенти, 

 
Со радост и задоволство Ве известуваме дека е распишан КОНКУРС ЗА НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР СТУДЕНТСКИ ПРЕВОД И СТУДЕНТСКА РЕЗИДЕНЦИЈА ЗА КНИЖЕВЕН ПРЕВОД „ВАВИЛОН – Нова генерација“ 2024 
 
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 27 март 2024 
 
Делегацијата на Европската унија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, со задоволство го објавуваат Конкурсот за награда за најдобар студентски превод и студентска резиденција за книжевен превод „Вавилон – Нова генерација“ 2024. 
 
Повикот е упатен до сите универзитетски студенти (не постари од 27 години) кои во моментот на конкурирање се запишани најмалку на трета година студии на кој било од факултетите во земјава. Кандидатите треба да се пријават на конкурсот со превод од некој од 24-те службени јазици на Европската унија, кон кој било од јазиците што се зборуваат во земјата. 
 
Конкурсот се состои од две фази: 
 Студентска резиденција за книжевен превод, која ќе се одржи од 17 до 21 април 2024 во с. Радожда, Струга. Преку внимателно обмислена програма, резиденцијата ќе понуди серија сесии за градење на преведувачките вештини во нивните различни аспекти, водени од ментори, со цел на студентите да им се понуди воннаставна професионална надградба, како и да се поттикне квалитетот при преведувањето книжевни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава. Трошоците за резиденцијата, вклучително транспорт и сместување со полн пансион, ќе бидат целосно покриени. Сместувањето ќе биде организирано во приватни капацитети (во 1/2 и 1/3 апартмани). Деталната програма на резиденцијата, како и сите логистички информации ќе бидат доставени до учесниците по затворањето на повикот за пријавување.  По завршувањето на резиденцијата, кандидатите ќе работат на превод во рамките на својата јазична комбинација, со кој анонимно ќе конкурираат за наградата за најдобар студентски превод. Преводот е предвидено да се заснова на извадок од наслов избран од списокот на прозни наслови на соодветните службени јазици на ЕУ, кој кандидатот/кандидатката ќе го преведат на избраниот целен јазик што се зборува во земјава. Листата, која кандидатите ќе ја добијат на крајот од резиденцијата, ќе се состои од прозни дела што сè уште не се преведени на локалните јазици. Преводот мора да биде долг од 3.000 до 5.000 збора. Пријавените преводи мора да бидат индивидуален труд на секој кандидат/кандидатка; заеднички преводи нема да бидат прифатени. Жирито кое ќе ги оценува преводите ќе биде составено од етаблирани преведувачи, универзитетски професори, писатели и сл. – со исклучок на менторите од резиденцијата, со цел да се гарантира транспарентност на наградата. Деталните инструкции за форматот и начинот на доставување на преводите ќе бидат доставени на завршувањето на резиденцијата. Учеството во резиденцијата автоматски подразбира и обврска за поднесување превод од страна на студентот/студентката, со кој се кандидираат за наградата. Работен јазик на резиденцијата за книжевен превод ќе биде македонскиот. Предвидениот број учесници на резиденцијата е 15 студенти. Пријавените студенти ќе бидат известени на почетокот на април за одговорот на нивната пријава. Временска рамка Краен рок за пријавување: 27 март 2024 Одржување на резиденцијата: од 17 до 21 април 2024 Рок за поднесување на преводите: 30 јули 2024 Церемонијата на доделување на наградата е предвидена за Европскиот ден на јазиците, 26 септември 2024 година. 
 
ПРИЈАВУВАЊЕ: – Пополнет формулар за пријава – Кратка биографија – Краток приемен превод на извадок од прозно дело, со должина од 500 до 1.000 зборови, на јазичната комбинација со која се пријавил кандидатот/кандидатката (на пример, италијански кон македонски). Преводот треба да биде направен директно од прозниот текст на изворниот јазик, а да се поднесе само на целниот јазик. Исто така, приемниот превод треба да содржи и информација за изворната публикација и од кој јазик е преведен (на пример, превод од оригиналот на англиски јазик, Banville, John. The Sea. [2. Ed.], Alfred A. Knopf, 2007, p. 190-195). – Своерачно потпишана изјава од кандидатот дека, со пријавување и учество во резиденцијата, тој/таа се обврзува да учествува за наградата „ВАВИЛОН – Нова генерација 2024“, со доставување на свој превод за неа, како и дека се согласува со сите услови на конкурсот и резиденцијата. – Дигитална копија од лична карта Документите треба да се достават преку следниов формулар на „Гугл“, најдоцна до 27 март 2024: https://forms.gle/G9u3mRMWbwa1Fc9H7 Прашањата во врска со конкурсот можат да се испратат на следната адреса: babylonnewgeneration@euhouse.mk.  Пријавените кандидати/кандидатки мора да се државјани на Република Северна Македонија.  Роднините и/или блиските на организаторите или на членовите на жирито немаат право на учество. 
 Одлуката на жирито е конечна. Кандидатите можат да добијат повратна информација за забелешките на жирито за пријавените преводи по доделување на наградите. 
 Жирито ќе се формира соодветно на пријавените јазични комбинации. 
 Жирито го задржува правото да не додели награда. 
 Пријавувањето на конкурсот значи прифаќање на сите услови во кои ќе се одвива и резиденцијата и последователниот избор на најдобар превод. Наградата ќе се состои од студиски престој поврзан со превод (во висина од 1.000 евра) и објавување на првонаградениот превод во Годишниот зборник на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Повеќе информации можете да најдете на следните интернет-страници: https://eeas.europa.eu/delegations/republic-north-macedonia_en