Трето издание на средбите со алумни „Од амфитеатар до професија“  во организација на Центарот за кариера и поддршка на алумни при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје и Франкофонскиот центар за вработливост при УКИМ

На 20.4.2026 г. во Јуроп Хаус (Europe House) Скопје, се одржа третото издание на средбите со алумни „Од амфитеатар до професија“  во организација на Центарот за кариера и поддршка на алумни при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје и Франкофонскиот центар за вработливост при УКИМ. Средбата беше посветена на темата  „Толкување“. Говорничките Ана Василева, Христина Лавуровска и Наташа Колеќевска-Георгиевска, три толкувачки акредитирани од ЕУ, зборуваа за предизвиците на професијата, споделија искуства и дадоа практични совети. Модераторка на настанот беше проф. д-р Мирјана Алексоска-Чкатроска, која истовремено ги претстави и магистерските студии по Конференциско толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.  На настанот се вклучи и Овен Вард, претставник на Директоратот за толкување при Европска комисија и важен соработник на магистерските студии по Конференциско толкување.

 

Голема благодарност до Јуроп Хаус за соработката, до публиката и до студентките Вероника Павловска, Марија Николовска и Ивана Јаковова кои го толкуваа целиот настан.