Драги студенти,
Студентската конференција „Како си ми?“ оваа година организира и конкурс за креативно
пишување!
Целта е да создадеме простор каде студентите ќе можат слободно да ги споделат своите
поетски, прозни и критички текстови.
Сè што ќе биде испратено ќе биде објавено на официјалната страница на „Како си ми?“, а
редакцискиот одбор ќе одбере и неколку најдобри текстови чии автори ќе имаат можност јавно
да ги претстават своите дела на 14-ти октомври во кафе-книжарница Буква.
Примаме прозни, фиктивни и критички текстови (со ограничување од максимум 1000 зборови)
и поезија (со ограничување на 2 страници од песна).
Творбите можете да ги испратите до наведениот мејл: kakosimi.flf@gmail.com.
Рокот за испраќање е 5-ти октомври до полноќ.
Темите и стилот се слободни, а може да учествуваат сите студенти од сите факултети.
Тука сме за сите прашања и ги очекуваме вашите дела!