Центарот за кариера на УКИМ во соработка со Тривити организира настан „Ден за кариерен развој“ кој ќе се одржи на 7 јуни 2022 г. од 10.00 – 18.00 ч. на платото на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Настанот се организира со цел да ги доближиме компаниите до студентите, да ги мотивираме и да го поттикнеме нивниот понатамошен кариерен развој. Освен компаниите, програмата на настанот ќе биде надополнета и со едукативни сесии и панел дискусии кои ќе донесат дополнителна вредност за студентите посетители, а фокусот на истите ќе бидат теми кои имаат за цел да го олеснат процесот на преминување на студентите од академска во бизнис средина.