Славистички студии бр. 20

Почитувани,
Со задоволство ве известуваме дека излезе од печат новото издание на списанието „Славистички студии“ број 20, посветено на проф. д-р Димитрија Ристески по повод 70-годишнината од неговото раѓање. Изданието покрај биографијата и библиографијата на проф. д-р Димитрија Ристески, содржи 34 трудови од областа на лингвистиката, литературата, преводот и културата.