Претстава „Баба самурај” од Шоко Ито

Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 г. настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама...
Почитувани, 
 
Ни претставува чест да ве поканиме на редок културен настан: јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024 година, во Големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ . Претставата се игра по повод јубилејот 30 г. дипломатски односи меѓу РС Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет. 
 
Претстава „Баба самурај” од Шоко Ито
7 јуни (петок) 2024, 19:00, Голем амфитеатар (А3)
на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ

Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со
импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 г. настапила во 80 земји. Дипломирала
на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала
театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама,
сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц. Актерската игра, според
оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е
високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат:
„Гејша самурај“, „Нобунага Она“, „Баба самурај“, „Мајсторот Шоко и Маргарита“,
„Балекендан“, „Пес и мачка“. Добитничка е на редица награди за театарските претстави,
а активна е и на филмската сцена. Во филмот „Цртање на небото“ игра 18 улоги. Кусиот
филм „Моментум“, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија.
Претставата се игра по повод јубилејот 30 г. дипломатски односи меѓу РС Македонија и
Јапонија.
Срдечен поздрав,
Деканат на Филолошкиот факултет
 
 

What is the concept of Samurai Grandma?

The author,  grew up in a large traditional Japanese family where all generations lived closely together.

Her  grandfather passed away, so did her  mother, and her grandmother was left behind. The family of 11 now consists of just two people . Still, life goes on.  Grandma says she’s glad to be alive, lucky that she can write poems every day in her diary.

Today, most people have forgotten their history,  a world in which both good  and bad  have existed and the mistakes of the past are repeated.

  The play is a fusion of rakugo and Japanese manga style where the grandmother gets supernatural abilities, wisdom and  strength  fighting evil in the name of justice. 

This is an about us humans in our walk though life until we age with Dreams, Love and Hope. The performer plays one of his 18 characters in this comedy, engaging in martial arts battles with characters from this world and other worlds. Music is also added to it.