Шеста студентска филолошка конференција „Како си ми?“

Линк до Конференцијата

Шестата студентска филолошка конференција „Како си ми?” ќе се одржи на 19 септември (сабота) 2020 година во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Конференцијата има за цел да ги собере на едно место проучувачите на филологијата, при што студентите ќе можат да ги изложат своите истражувања од сферите на: лингвистиката, книжевноста, културата и уметноста, преведувањето и толкувањето, методиката и дидактиката, како и интермедијалните и интердисциплинарните релации во кои стапува филологијата. Преку дијалог се актуализираат традиционални и современи теориско-методолошки пристапи и се аплицираат врз различни филолошки прашања.

Оваа година, согласно пропишаните мерки за заштита во услови на пандемија, бројот на публиката ќе биде ограничен, согласно расположливиот простор, на 60 места за седење. Во тој поглед, доколку сакате да присуствувате, би ве замолиле да го пополните следниот формулар за регистрација: https://forms.gle/saFxWbsFDbZWEb8v9

Средства за дезинфекција и храна ќе биде обезбедена од организацискиот одбор. Гостите потребно е да држат растојание од 2 метри и да не се групираат како за време на излагањата, така и за време на паузите додека се во зградата на Факултетот. Носењето маски е задолжително.

Организацискиот одбор, како и Филолошкиот факултет „Блаже Конески” се оградуваат од одговорност во случај на пренос на коронавирусот. На конференцијата доаѓате на сопствена одговорност.

Во прилог погледнете ја програмата на конференцијата:

11:00–12:30 – Отворање на конференцијата и промоција на зборникот со трудови од минатогодишната „Како си ми?“: проф. д-р Анета Дучевска и проф. д-р Владимир Мартиновски; доделување потврди за редактура и лектура.

12:30–13:30 – Прва сесија излагања и дискусии

1. Викторија Блажеска – „Неколку обиди за создавање словенско есперанто“
2. Назљие Мифтари и Фјола Мисини – „Сегашното време во македонскиот, во албанскиот и во германскиот јазик“
3. Сара Павловска – „Терминолошката работа како предуслов за квалитетот на толкувањето“
4. Димитар Христовски – „Семантичките својства на логичките инференции и нивна анализа во својство на пропозиции“

13:30–13:45 – Пауза

13:45–14:45 – Втора сесија излагања и дискусии
5. Борис Симоновски – ,,Ликот на Марко Крале во македонската народна книжевност и неговите белези поврзани со старогрчката култура”
6. Кристијан Стефановски – „Домот, миграцијата и (суб)алтеритетот во збирката раскази Кога заминав од Карл Либкнехт од Лидија Димковска“
7. Ивона Лаушевиќ – „Додека времето гризе и гори: изолацијата и временско-просторниот континуум во поезијата на Едвин Морган“
8. Мартина Јанеска – “Децата на револуцијата: младите херои од Хари Потер и Игрите на гладните”

14:45–15:45 – Голема пауза за ручек

15:45–15:55 – Промоција на „Јазичарница“: Нина Тунтева и Викторија Блажеска

15:55–16:55 – Трета сесија излагања и дискусии

9. Елена Бошевска – „Класиците или современите книжевни дела во наставата по јазик и книжевност или можеби комбинација од двете?“
10. Срна Зафировска – „Иновативен начин на учење преку јапонска игра со карти“
11. Матеа Коцевска – „Јазикот како инструмент за толкување на правото”
12. Николина Стојкова – „Јазикот на правото низ призмата на законодавното и судското толкување”

16:55–17:10 – Пауза

17:10–18:10 – Четврта сесија излагања и дискусии

13. Елена Матвеева, Евгенија Христовска, Благица Димитрова и Вера Спасиќ – „Доследноста на преведувачот кон јазикот на авторот низ преводите на Оливер Твист, Авантурите на Хаклбери Фин, Бојата на пурпурот и Госпоѓа Даловеј“
14. Елена Петрова – „Погледот од другата страна на прозорецот: делата на Едвард Хопер и Рејмонд Карвер“
15. Владимир Таневски и Игор Ефтимовски – „Св. Христофор Кинокефал – христијанско наследство и паганско потекло“

18:10-18:40 – Затворање на конференцијата и доделување потврди за учество.