Втор циклус студии по конференциско толкување
Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје

Сакаш ли да бидеш дел од новата генерација европски граѓани?
Сакаш ли да бидеш дел од процесот на пристапување кон ЕУ?
Сакаш ли да го видиш светот?
Биди конференциски толкувач.
Запиши се на вториот циклус студии по конференциско толкување.

Ние ти нудиме:
– да станеш магистер по конференциско толкување
– да те обучуваат искусни толкувачи од земјата и ЕУ
– да стекнеш право да го полагаш акредитацискиот испит за толкувач на ЕУ
– да учествуваш на работилници во Скопје со толкувач од ЕУ
– да одиш на студиско патување во Брисел

Втор циклус студии по конференциско толкување
Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје

Студиите се засноваат на практичната настава со истакнати, успешни и искусни професори и надворешни соработници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и. Во наставата учествуваат толкувачи акредитирани од Генералниот директорат за толкување на ЕУ, со кој постои тесна соработка. Филолошкиот факултет располага со соодветна техничка опрема (кабини, акустички уреди, компјутери) како за физичка, така и за онлајн настава.
Пред запишувањето не мора да имаш толкувачко искуство, туку само треба да докажеш дека поседуваш потенцијал да станеш успешен конференциски толкувач.
За да се запишеш на студиумот, треба
– да имаш завршено прв циклус студии (240 бодa),
– одлично да го владееш стандардниот македонски јазик,
– да го познаваш странскиот јазик на напредно ниво,
– да умееш меѓујазично да ја пренесеш суштината на краток говор без бележење,
– да се интересираш за културата на државите во кои се употребува странскиот јазик,
– да имаш општи познавања за светот,
– да ги следиш актуелните настани,
– да имаш љубопитен дух,
– да го почитуваш кодексот на однесување.
Едногодишниот втор циклус студии по конференциско толкување ќе те оспособи:
– да го анализираш говорот, да ја разбереш (суштината на) пораката, да ги сфатиш целта и контекстот на пораката, да ја пренесеш пораката консекутивно или симултано,
– да ја запознаеш културата на туѓиот јазик, да си ги унапредиш јазичните познавања, да научиш да бележиш, да си изготвуваш глосари, да стекнеш способност за јавно говорење, да се подготвиш за толкувачкиот ангажман
По запишувањето ќе стекнеш право
– да ја посетиш Генералната дирекција за толкување во Брисел – SCIC со финансиска поддршка од ЕУ и од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје,
– да ја користиш електронската збирка текстови и видеа за толкување на SCIC,
– да учествуваш на работилници со претставник на SCIC, кои се одржуваат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
По завршувањето на студиите ќе го исполниш условот
– да го полагаш акредитацискиот испит за екстерен толкувач на Европската комисија, на Европскиот парламент и на Европскиот суд на правда.

Ќе студираш според новите осовременети програми (според нова студиска програма и според нови предметни програми), акредитирани во 2018 година и втемелени врз препораките на Европскиот мастер по конференциско толкување (EMCI: http://www.emcinterpreting.org/).

Прочитај го конкурсот објавен на интернет-страницата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
https://flf.ukim.mk/studii/vtor-ciklus/

Запознај се со организацијата и со содржините на студиумот.
https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/2020/05/Konferencisko-tolkuvanje_Vtor-ciklus_akreditirani-vo-2018-godina_FLF-WEB_v2.pdf

За сите дополнителни информации, можете да се обратите во Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и кај раководителот на студиумот проф. д-р Милан Дамјаноски.
Тел.: (02) 32 40 490
e-mail: m.damjanoski@flf.ukim.edu.mk