Втор циклус студии - постдипломски студии

I. ЗАПИШУВАЊЕ ЗИМСКИ СЕМЕСТАР во акад. 2021/2022 г.

Запишувањето на семестарот за студентите запишани на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 20.9.2021 до 23.9.2021 г., со следниве документи:

– Индекс
– Образец за упис и заверување семестар
– Уплата на рата

Ве информираме дека студентите кои ги немаат подмирено трошоците за летниот семестар, треба да го направат тоа во истиов период на уписот. Во прилог се податоците од сметката на Филолошкиот факултет:
Назив на примачот: Буџет на РМ-Филолошки факултет „Блаже Конески”-Скопје
Сметка: 100000000063095
Износ: ххх денари
Сметка на буџетски корисник-единка корисник: 1600104235 788 10
Приходна шифра и програма: 723019 4

Ве молиме, да ги почитувате мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирусот Covid-19, со задолжителна лична заштитна опрема/заштитна маска.

I. ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЛЕТНИОТ ИСПИТЕН РОК

Заверката на летниот семестар и пријавувањето на испитите за летниот испитен рок за студентите на втор циклус на студии ќе се врши во периодот од 31.5.2021 до 4.6.2021 г., со следниве документи:
– Индекс;
– Образец за заверување семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такса;
– Уплата на рата од /////// денари на сметката на Филолошкиот факултет.
– Пријава за испит со уплатница од 50,00 денари за административна такса за секој испит поединечно;.

II. ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЛЕТНИОТ ИСПИТЕН РОК

ИСПИТНА СЕСИЈА од 1.6.2021 до 27.6.2021 г.

Пред да ги достави обрасците за пријавување на испитите студентот е должен истите да ги пријави iknow.ukim.mk.

I. ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР НА СТУДЕНТИТЕ од акад. 2020/2021 г. и од акад. 2019/2020 г.

Запишувањето на семестарот за студентите запишани на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 8.2.2021 до 11.2.2021 г., со следниве документи:

СТУДЕНТИТЕ ОД АКАД. 2019/2020 г.:
– Индекс
– Образец за упис на летен семестар за акад. 2020/2021 г.
– Образец за заверка на семестарот

СТУДЕНТИТЕ ОД АКАД. 2020/2021 г.:
– Индекс
– Образец за упис на летен семестар
– Уплата на рата

Ве информираме дека студентите кои ги немаат подмирено трошоците за зимскиот семестар, треба да го направат тоа во истиов период на уписот. Во прилог се податоците од сметката на Филолошкиот факултет:
Назив на примачот: Буџет на РМ-Филолошки факултет „Блаже Конески”-Скопје
Сметка: 100000000063095
Износ: ххх денари
Сметка на буџетски корисник-единка корисник: 1600104235 788 10
Приходна шифра и програма: 723019 4

Ве молиме, да ги почитувате мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирусот Covid-19, со задолжителна лична заштитна опрема (каква било форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и на лицето).

I. Број на студенти

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во вториот уписен рок на втор циклус студии во учебната 2020/2021 г. може да се запишат следниот број студенти:

СТУДИСКИ ПРОГРАМИБрој на студентиТраење во семестриЦена на студирање (во евра)
Филолошки факултет „Блаже Конески“ (бул. „Гоце Делчев“ бр. 9А)21500
Македонски јазик271500
Македонска книжевност81500
Научна област: наука за јазик на јазичните групи1500
- англиски јазик9
- германски јазик9
- романистика (италијански и француски јазик)39
- славистика8
- турски јазик15
- албански јазик14
Научна област: наука за книжевност и културолошки студии1500
- англиска книжевност и културолошки студии12
- германска книжевност и културолошки студии10
- романистика (француска и италијанска книжевност) и културолошки студии20
- славистика и културолошки студии9
- компаративна книжевност и културолошки студии17
- албанска книжевност и културолошки студии15
- турска книжевност и културолошки студии14
Конференциско толкување101500
Студии по дидактика и методика на наставата по германски јазик141500

II. Право на конкурирање

Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови:
– да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт.

Право на конкурирање за запишување на Студиите по дидактика и методика на наставата по германски јазик имаат:
– кандидати кои дипломирале на германски јазик и книжевност (наставна насока) – професор по германски јазик и книжевност, и освоиле 240 бодови, со:
– просечен успех по сите предмети најмалку 8 (осум),
– просечен успех по предметите Современ германски јазик / Германски јазик, во сите четири години најмалку 8 (осум),
– просечен успех по предметите Методика на германскиот јазик, во трета и четврта година најмалку 8 (осум),
По завршувањето на пријавувањето, кандидатите ќе бидат поканети на интервју. Позитивниот резултат од интервјуто е услов за запишување.

III. Документи за пријавување и запишување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на postdiplomski@flf.ukim.edu.mk.

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани/сликани следниве документи:
– пријавен лист за запишување;
– електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
– оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
– куса биографија (CV);
– потврда за активно познавање странски јазик;
– потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
– препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
– список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
– документи за евентуални награди, признанија и други документи.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
– индекс и пријавни листови
– две фотографии (3,5х4,5)

IV. Рокови за пријавување и запишување

 Прв рокВтор рок*
Пријавување на кандидатите30 септември – 15 октомври 20201 февруари – 1 март 2021
Запишување на кандидатите20 – 23 октомври 20203 – 5 март 2021

*Втор уписен рок ќе се спроведе на единиците, односно на студиските програми за кои не се пополнети конкурсните квоти и на кои постојат услови за отпочнување и изведување на наставата во летниот семестар.
По реализацијата на првиот уписен рок, за непополнетите места на единиците, односно студиските програми, Универзитетот, на својата интернет страница, ќе објави број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2020/2021 година.

ЗАБЕЛЕШКИ:
– Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.
– На кандидатите им е дадена можност на факултетите/институтите со поголем број студиски програми, освен за првиот избор на студиската програма за којашто конкурираат, да можат да изберат уште една или повеќе студиски програми, односно да се определат и за втора, трета итн. студиска програма, доколку не успеат да бидат на ранг-листата на примени кандидати на првоизбраната студиска програма.
– Детални информации за условите за запишување и студирање на секоја од објавените студиски програми, потребната документација, организацијата и временскиот распоред на студиите, заинтересираните кандидати може да ги добијат на соодветните факултети, односно научни институти – носители на студиските програми.

Соопштение за студентите од втор циклус студии – постдипломски студии (28.12.2020)

I. ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК 2021
Заверката на зимскиот семестар и пријавувањето на испитите за зимскиот испитен рок за студентите на втор циклус на студии ќе се врши во периодот од 19.1.2021 до 22.1.2021 г., со следниве документи:
– Индекс;
– Образец за заверување семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такса;
– Уплата на рата од /////// денари на сметката на Филолошкиот факултет.
– Пријава за испит со уплатница од 50,00 денари за административна такса за секој испит поединечно.

II. ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК 2021
Испитна сесија од 25.1.2021 до 6.2.2021 г.
Пред да ги достави обрасците за пријавување на испитите студентот е должен истите да ги пријави во iKnow-системот.

III. ЗАПИШУВАЊЕ ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД АКАД. 2020/2021 г. и 2019/2020 г.
Запишување на семестарот за сите студентите запишани на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 8.2.2021 до 12.2.2021 г. со следниве документи:

СТУДЕНТИ ОД АКАД. 2019/2020 г.:
– Индекс
– Образец за упис на летен семестар за акад. 2020/2021 г.
– Образец за заверка на семестарот

СТУДЕНТИ ОД АКАД. 2020/2021 г.:
– Индекс
– Образец за упис на летен семестар
– Уплата на рата

Студентите кои ги немаат подмирено трошоците за зимскиот семестар, треба да го направат тоа во периодот на уписот. Во прилог се податоците од сметката на Филолошкиот факултет:
Назив на примачот: Буџет на РМ-Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Сметка: 100000000063095
Износ: ххх денари
Сметка на буџетски корисник-единка корисник: 1600104235 788 10
Приходна шифра и програма: 723019 4

Ве молиме, да ги почитувате мерките за спречување на внесување и ширење на вирусот корона (Ковид-19/Covid-19), со задолжително носење лична заштитна опрема (каква било форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и на лицето).