Cette formation s’adresse aux étudiants de l’Université “Sts. Cyrille et Méthode”, aux diplômés, ainsi qu’à toute autre personne intéressée ayant un niveau de français B1 ou B2. La formation est gratuite.
Modalité : en présentiel
Durée : 24 heures, du 24 février au début du mois d’avril 2025.
Dates des cours : tous les lundis et jeudis de 16h00 à 18h00
Formateurs : Snežana Petrova, Irina Babamova, Anita Kuzmanoska, Milena Kasaposka Čadlovska et Milena Nedevska.
Lieu : Centre d’employabilité francophone de Skopje (CEF-Skopje), sur le campus de la Faculté de Philologie “Blaže Koneski” à Skopje (avec possibilité d’autres lieux à Skopje).
Date limite pour l’inscription : le 14 février 2025
Lien du formulaire d’inscription : https://forms.
Contact pour plus d’informations : cefskopje@
PS: Pourriez-vous transmettre cette information auprès de personnes qui pourraient être intéressées.
——————————
За Франкофонскиот центар за вработливост на УАФ при УКИМ
На 6 јуни 2023г. во присуство на регионалниот директор на Универзитетската агенција на Франкофонијата (УАФ) за Централна и Источна Европа, г. Мохамед Кетата, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), проф. д-р Никола Јанкуловски, амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, г. Сирил Бомгартнер, специјалниот пратеник на Претседателот на Република Северна Македонија при постојаниот Совет на Меѓународната Организација на Франкофонија, г. Пајо Авировиќ, деканката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Анета Дучевска, претседателката на Здружението на професорите по француски јазик на РМ, Марија Николовска, претставници од Францускиот институт во Скопје, професори и студенти од Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и вљубеници во францускиот јазик беше отворен Франкофонскиот центар за вработливост „ФЦВ – Скопје“ на Универзитетската агенција на Франкофонијата при УКИМ со седиште на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. На настанот што се одржа на платато пред Факултетот присуствуваа и новоизбраната ректорка на УКИМ, проф. д-р Билјана Ангелов и новоизбраниот декан на Филолошкиот факултет , проф. д-р Владимир Мартиновски.
Како жариште на партнерскиот однос помеѓу Универзитетот и општествено-економската средина, Франкофонскиот центар за вработливост „ФЦВ – Скопје“ е наменет за обуки, за остварување контакт на научната со пошироката општествена заедница, за менторства насочени кон личниот развој на студентите и на дипломираните, за стекнување трансверзални вештини, за подготовка за професионална интеграција во општеството, за поттикнување на претприемачкиот дух, за соработка и креативност при работењето, за промовирање на францускиот јазик итн.
Реновиран и технички опремен со поддршка на УАФ, овој центар ќе продолжи да соработува со Групата за француски јазик и книжевност на Филолошкиот факулет „Блаже Конески“ и да претставува академски простор во кој студентите по француски јазик од овој Факултет, како и други студенти-франкофони од УКИМ, ќе бидат добредојдени за следење обуки и активности. Со Франкофонскиот центар за вработливост раководат проф. д-р Снежана Петрова и проф. д-р Ирина Бабамова од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје.
Од 28 до 30 септември 2023 г. во Франкофонскиот центар за вработливост на Универзитетската агенција на Франкофонијата се одржа обука (теоретска и практична ) за стекнување знаење и вештини за Инкорпорирање во туристичката индустрија, поточно за туристички водич со познавање на некој од романските јазици. Според селекцијата на обучувачот, Бранко Босилков, претседател на Здружението на туристички водичи на Македонија, обуката ја следеа 12 учесници од редовите на студентите и наставниот кадара на филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и надворешни заинтересирани лица со познавање на романски јазици. Десет учесници на оваа обука, по полагањето на потребните испити, се стекнаа со национална лиценца за туристички водич.
ОБУКА ПОД НАСЛОВ „ТВОЈАТА КАРИЕРА ВО ТВОИ РАЦЕ!“,
Во периодот од 14 март до 18 април 2024г. Франкофонскиот центар за вработливост „CEF de Skopje” на Универзитетската Агенција на Франкофонија при УКИМ и Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ во Скопје во соработка со МАТА од Скопје организираа обука за развој на вештини за вработливост под наслов „Твојата кариера во твои раце!“, наменета за студенти од УКИМ.
Со својата практичност и динамичност, обуката им овозможи на учесниците поинакво планирање на сопствената кариера и поставување конкретни цели на патот кон остварувањето на нивните замисли.
Се обработуваа тематики од типот: Каде се гледате себеси за 5 години од сега? Како да внесете повеќе смисол во вашиот живот и да изградите кариера каква што посакувате?
Се истражуваа различни кариери,се открива и се совладуваа техниките за пишување мотивациско писмо и впечатливо CV и се дознаваа тајните за успешно претставување за време на интервју за вработување.
Учесниците на обуката имаа можност да се сретнат со работодавачи и да се претстават на вистинско интервју по кое некои од учесниците добија понуда за работа во доменот на преведувањето од француски на македонски јазик и обратно.
На крајот на обуката, сите редовни учесници креираа личен кариерен план со конкретни акциски чекори, подготвија свое CV и добија потврда за учество.