Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е највисока образовна и научна и јавна установа од областа на филолошките науки во Република Македонија. Наречен е по истакнатниот книжевник и јазичар Блаже Конески (1921-1993) — еден од првите негови професори.
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје врши проверка на знаењето на македонскиот, албанскиот, турскиот, англискиот, германскиот, италијанскиот, францускиот, словенечкиот, хрватскиот, шпанскиот и на други јазици.
Франкофонски центар за вработливост на Универзитетската агенција на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје