Романски јазици и книжевности

Соопштенија / информации (линк)

за катедрата

Краток историјат на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје

Катедрата за романски јазици и книжевности, на почетокот Катедра за романска филологија, е основана 1946 г. кога е основан и Филозофскиот факултет во Скопје. Прва студиска група на Катедрата е групата за француски јазик и книжевност. Во текот на седумдеценискиот развој на Катедрата се воведува настава по италијански јазик (1959 г.), по романски јазик (1970 г.), по шпански јазик (1981), кои постепено прераснуваат во посебни студиски групи, а во 2007 г. се воведува настава по португалски јазик. Во рамки на студиските групи по француски и шпански јазик и книжевност се формираат професори и преведувачи/толкувачи по овие јазици.

Катедрата остварува богата меѓународна соработка со Универзитети и со центри за обука во регионот и пошироко. На Катедрата предавале: проф. д-р Ѓорѓи Шоптрајанов, проф. д-р Божидар Настев, проф. д-р Лилјана Тодорова, проф. д-р Љубица Димовска-Калајлиевска, проф. д-р Алекса Попоски, проф. д-р Петар Атанасов, проф. д-р Илинка Митрева, лектор Рене Дуљановиќ, лектор Жана Ангеловска и др.

СТУДИСКИ ГРУПИ

Насоки

  • Француски јазик и книжевност – наставна насока – 2023
  • Француски јазик и книжевност – пит насока – 2023
  • Шпански јазик и книжевност – пит насока – 2023
  • Француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност – 2023
  • Романски јазик и книжевност – преведувачка насока – 2023
  • Француски јазик и книжевност (наставна насока) – 2018
  • Француски јазик и книжевност (преведувачко-толкувачка насока) – 2018
  • Романски јазик и книжевност – филолошка насока – 2018
  • Француски јазик и книжевност (романистика) – двопредметна по француски јазик и книжевност со романски јазик и книжевност – филолошка насока – 2018
  • Шпански јазик и книжевност (наставна насока) – 2018
  • Шпански јазик и книжевност (преведувачка насока) – 2018

Студиски и предметни програми

Француски јазик - студиски планови акредитирани во 2013 г.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

Шпански јазик и книжевност - студиски планови акредитирани во 2013 г.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

Романски јазик - студиски планови акредитирани во 2013 г.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

Романски јазик - студиски планови акредитирани во 2010 г.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

НАСТАВНИЦИ

д-р Маргарита Велевска

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Мира Трајкова

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Ирина Бабамова

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Елисавета Поповска

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

-Петрова-e1522920399253

д-р Снежана Петрова

РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

БИБЛИОТЕКА

Библиотекар:

Ана Димевска

Тел.: (02) 3240-450, локал 450

e-mail: ana.dimevska@flf.ukim.edu.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Понеделник – петок: 08:30 – 16:00 ч.

Книгите кои се застапени само во еден примерок (енциклопедии, речници, учебници, работни тетратки, литературни истории и др.) може да се користат само во читалната и не смее да се изнесуваат надвор од библиотеката!

ЗА СТУДЕНТИТЕ

Соопштенија / информации

На 28 март 2024 г., се одржа работилница за креативно пишување анимирана од м-р Анита Кузманоска на која ученици од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ и студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески‘‘- Скопје составија инспиративни поетски текстови со употреба на определени граматички структури.

На 29 март 2024 година, се одржа работилница за хаику-поезија анимирана од проф. д-р Владимир Мартиновски на која ученици од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ и студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески‘‘- Скопје ги открија тајните на создавањето на хаику-поезијата и составија извонредни хаику-песни на македонски и на француски јазик.

На 19 март 2024 г., се одржа минифестивалот на франкофонски краткометражни филмови. Публиката проследи 9 краткометражни филмови и со гласање го избра најдобриот.

——

На 20 март 2024 година, се одржа извонредното предавање на тема „Реоткривање на романската франкофонија‘‘ на француско-романскиот драматург, поет и новинар Матеј Вишниек заокружено со разговор со публиката. Предавањето се одвиваше на француски јазик со симултан превод на македонски јазик од страна на студентите од четврта година на Катедрата за романски јазици и книжевности.

 

На 21 март 2024, во библиотеката на Катедрата за романски јазици и книжевности, Милена Митиќ од Францускиот институт во Скопје одржа презентација на дигиталната библиотека „Culturethèque‘‘ на која студентите имаа можност да слушнат за новостите и предностите од користењето на „Culturethèque‘‘.

На 6 март 2024 година, во Францускиот институт се одржа промоцијата на книгата „Ајде да зборуваме! – Да ја зајакнеме конверзацијата на наставата по француски јазик“ од страна на авторките на делото: Ирина Бабамова, Снежана Петров, Мира Трајкова, професорки на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, и Кети Димковска, советничка за наставата по француски јазик во Бирото за развој на образованието.

 

Овој педагошки прирачник што опфаќа актуелни теми има за цел да ја зацврсти конверзацијата за поуспешно изучување на францускиот јазик. Прирачникот е издаден во рамките на програмата „Јазични дијалози“ и поддржан од Меѓународната организација на Франкофонијата.

Г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, ја модерираше промоцијата, којашто се одржа во присуство на г-дин Емануел Самсон, претставник на Меѓународната организација на Франкофонијата.

 

——

На 7 март, 2024 година, со почеток во 10:40ч во библиотеката на Катедрата за романски јазици и книжевности се одржа презентација на активностите во рамките на проектот „Вештачка интелигенција-Олимписки игри, поврзување на спортскиот дух со дигиталните иновации“. Студентите кои се дел од проектот презентирајќи ги изработените задачи, ги претставија и функционалностите на новите дигитални алатки со вештачка интелигенција кои служат за креирање презентации, веб-страници, интервјуа, логоа… Воедно, учесниците имаа можност и да ги тестираат овие алатки, да дискутираат како за нивните предности и маани, така и за можностите на нивна примена во академските активности.

 

 


На 12 март 2024 г., се одржа работилницата за преведување илустрирана книжевност за деца, под менторство на м-р Ника Гавровска, на која студентите од Катедрата за романски јазици и книжевности и од Катедрата за преведување и толкување, како и средношколците од средното училиште „Орце Николов‘‘ од Скопје, имаа одлична можност да се запознаат со предизвиците на преведувањето илустрирана книжевност за деца и низ практични вежби да изнајдат креативни решенија на ваквите предизвици.

 

 


На 14 март 2024 г., д-р Јован Костов од Универзитетот Пол-Валери Монпелjе, Франција одржа предавање на тема „Хибридни методи за изучување на јазиците: примери од францускиот јазик и култура‘‘ на кое преку примери од платформата „Bolivia Habla Fr@ncés“ и од проектот „Нексус“ се осврна на уделот на технологијата во изучувањето странски јазици.

Подоцна, студентите од Катедрата за романски јазици и книжевности и од Катедрата за преведување и толкување имаа ретка можност да учествуваат на работилницата за тестирање апликации за изучување на францускиот како странски јазик, на која ги тестираа апликациите за изучување на францускиот изработени од студентите од Универзитетот Пол-Валери Монпелjе и под менторство на д-р Јован Костов.

На 4 март официјално се отвори манифестацијата „Денови на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје“ и се одржа предавањето на д-р Деспина Ангеловска од Факултетот за драмски уметности на тема „Уметност или разонода ? Комедиите на Јасмина Реза и нивната рецепција од Париз до Бродвеј“.

„Денови на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески‘‘

 

Катедрата за романски јазици и книжевности ве поканува на настаните организирани во рамките на седмото издание на манифестацијата „Денови на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески‘‘- Скопје“ посветена на францускиот јазик и на Франкофонијата.

Atelier de français

 

На 1 февруари 2024 година во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, Филип Николоски, студент во прва година на Групата за француски јазик и книжевност при Катедрата за романски јазици и книжевности, одржа работилница на тема Училиштен прибор. Во договор со одговорната наставничка Ирена Наумоска, работилницата беше адаптирана на нивото на познавање на францускиот јазик на учениците од две шести одделенија. На часот по француски јазик, шестоодделенците низ игри и активности за усно изразување ги учеа новите поими, го вежбаа и го подобруваа изговорот на францускиот јазик и се забавуваа.

ТЕКОВНИ МЕЃУНАРОДНИ ПРОЕКТИ ВО КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ
ЧЛЕНОВИТЕ НА КАТЕДРАТА ЗА РОМАНСКИ ЈАЗИЦИ И КНИЖЕВНОСТИ

 

Меѓународен научно-истражувачки проект со наслов Романистиката и словенските јазици,
книжевности и култури во контакт и дисконтакт [Les langues, les littératures et les cultures
romanes et slaves en contact et en divergence], no 81/1-17-8-01 (25.02.2017 – 25.02.2021 – 2026).
Носител на научно-истражувачкиот проект: Филозофскиот факултет при Универзитетот во
Ниш (Србија). Универзитети учесници: Филолошкиот факултет при Универзитетот во Бања
Лука (Босна и Херцеговина); Faculté des Lettres et des Arts, Université d’Artois (Франција);
Faculté des Lettres et Langues, Université de Poitiers (Франција); Ecole supérieure du professorat et
de l’éducation, Université de Bordeaux (Франција); Uniwersytet Wrocławski, Wydział Filologiczny,
Wrocław (Полска); Филолошки факултет „Блаже Конески“- Скопје, Универзитет „Св. Кирил и
Методиј“ во Скопје (Република Северна Македонија).
Учесници: проф. д-р Мирјана Алексоска-Чкатроска, проф. д-р Елисавета Поповска, проф. д-р
Ирина Бабамова, проф. д-р Снежана Петрова.

Меѓународен научно-истражувачки проект од програмата Еразмус+ за стратешко партнерство
(Strategic Partnershis Action K2) со наслов “DAFLS – Developping Applied Foreign Language
Skills” (2020-1-FR01-KA203-080673), Универзитет од Каен, Нормандија, Универзитет „Св.
Кирил и Методиј“ во Скопје, Филолошки факуллтет „Блаже Конески“ – Скопје, Универзитет
од Белград, АЛДА – Скопје (2020-2023).
Учесници: проф. д-р Ирина Бабамова, проф. д-р Маргарита Велевска, проф. д-р Мирјана
Алексоска-Чкатроска, проф. д-р Јоана Хаџи-Лега Христоска, проф. д-р Елисавета Поповска,
проф. д-р Снежана Петрова.

Меѓународен научно-истражувачки проект од програмата Еразмус+ за стратешко партнерство
(КА220-HED) со наслов: ReTrans – Working with Interpreters in Refugee Transit Zones: Capacity
building and awareness-raising for higher education contexts, Project No 2021-2-AT01-KA220-
HED-000048753. Носител на проектот е Универзитетот во Виена (Австрија)
(2022-2023).
Учесник: проф. д-р Мирјана Алексоска-Чкатроска.

Научно-истражувачки проект на Меѓународната организација на Франкофонијата (ОИФ) «
Langues en dialogue 2023 » со наслов « Parlons-en ! – Renforcer la conversation verbale dans
l’enseignement/apprentissage pour améliorer la maîtrise du français », во реализација на
Здружението по професорите по француски јазик на Република Македонија (ЗПФРМ).
Учесници: проф. д-р Ирина Бабамова, проф. д-р Снежана Петрова, проф. д-р Мира Трајкова.

Меѓународен научно-истражувачки проект „Шпанскиот јазик во Европа“, во координација на
Универзитетот во Љубљана, Универзитетот во Белград, Центарот за ибероамерикански студии
при Универзитетот во Хајделберг, Универзитетот во Цирих и под спонзорство на Институтот
Сервантес.
Учесници: проф. д-р Сања Михајловиќ-Костадиновска, ас. м-р Игор Поповски.

Меѓународен е-Твининг проект „Al-lympics: Bridging Sportsmanship and Digital Innovation“
(„Вештачката интелигенција и Олимписките и Параолимписките игри: поврзување на
спортскиот дух и дигиталните иновации“). Учесници во проектот: професори, ученици и
студенти од основни и средни училишта и од високообразовни институции. Земја на потекло
на учесниците: Франција, Грција, Италија, Шпанија, Македонија, Португалија, Турција,
Словенија, Романија, Босна и Херцеговина.
Учесници: лектор д-р Милена Касапоска-Чадловска, лектор м-р Милена Недевска.

На 13 октомври 2023 година, во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и на Катедрата за романски јазици и книжевности, се одржа промоција на трудот

 

DICŢIONARUL DIALECTULUI MЕGLЕNOROMÂN ACTUAL

(general şi etimologic)

DICTIONNAIRE DU DIALECTE MÉGLÉNOROUMAIN ACTUEL

(général et étymologique)

 

РЕЧНИК НА СОВРЕМЕНИОТ МЕГЛЕНОРОМАНСКИ ДИЈАЛЕКТ

(општ и етимолошки) 

 

oд авторот проф. д-р Петар Атанасов

 

Промотори:

aкад. Аугуст Ковачец, Хрватска академија на науките и уметностите, Загреб

д-р Емил Цркомнику, Институт за етнографија и фолклор „Константин Браилоју“, Букурешт     

 

 

На промоцијата свое обраќање имаа проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, Н.Е. г-ѓа Адела-Моника Аксинте, Амбасадорка на Република Романија во РС Македонија, проф. д-р Јоана Хаџи-Лега Христоска, раководителка на Катедрата за романски јазици и книжевности, г-ѓа Даниела Г’тман, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Романија и проф. д-р Звонко Никодиновски кој ги прочита рецензиите од aкад. Аугуст Ковачец (Хрватска академија на науките и уметностите, Загреб) и од д-р Емил Цркомнику (Институт за етнографија и фолклор „Константин Браилоју“, Букурешт). На крајот од настанот, на публиката ѝ се обрати и самиот автор, проф. д-р Петар Атанасов.

 

Професорот Атанасов е долгогодишен професор на Катедрата за романски јазици и книжевности, истакнат лингвист и романист со меѓународно реноме. Романистиката е главната преокупација на целиот негов работен век на Катедрата: најпрво преку реализирањето на наставата по предметите поврзани со неколку романски јазици во чие воведување имаше клучна улога, но пред се’ преку неговата научна работа. Професорот Атанасов не е само автор на бројни трудови со романистичка и балканистичка тематика, туку е автор и на повеќе речници кои до денес им се неодминлива алатка на сите оние што се интересираат за таа тематика. Но централното место во неговата научна работа е неговото проучување на мегленороманскиот, неговиот роден говор, најпрво преку неговата магистерска теза „Инфинитивот во мегленороманскиот во светлината на романските и балканските јазици“, но и со докторската теза „Мегленороманскиот денес“ објавена на француски јазик во Хамбург (1990) и на романски јазик во издание на Романската Академија (2002). Со заминувањето во пензија, научничката љубопитност на професорот Атанасов не згаснува. Имајќи го предвид фактот дека мегленороманскиот, како дел од јужнословенскиот романитет, е во процес на бавно, но сигурно исчезнување, негова мисија е да го спаси од заборав со тоа што ќе го опише во своите трудови додека сè уште има активни говорители на овој говор. Поминува долги години во макотрпни теренски истражувања, што резултираат со изработката на два тома од „Лингвистичкиот атлас на мегленороманскиот дијалект“ во издание на Романската Академија (2008 и 2013), прв лингвистички атлас што се појавува во нашата земја. Недостигаше уште речник на мегленороманскиот, но денес и него го имаме пред нас, издание со кое сите ние треба да се гордееме. Исчезнувањето на еден јазик или на еден говор е истовремено згаснување на еден народ, на една култура и традиција. Токму поради тоа ова дело е врв на лексикографската дејност на професорот Атанасов: низ неговите страници се испишани минатото и сегашноста на мегленороманското население, неговиот светоглед, неговите контакти со другите балкански народи и јазици.

Приказ на стаж за студенти/професори по француски јазик во Белгија
„Од 24 јули до 11 август 2023 година учествував на Меѓународниот летен стаж по дидактика на наставата по француски јазик како втор странски јазик организиран од Cedefles. Стажот се одржа на Католичкиот универзитет во Лувен-ла-Нев, Белгија и оваа година го прослави своето триесетто издание. Во текот на трите недели следев повеќе предавања, меѓу кои: театар на часот по француски јазик, евалуација, фаворизирање на усното изразување кај учениците итн. Секое предавање беше корисно и интересно. Зборувавме за повеќе иновативни техники и методи со кои би ја унапредиле наставата по француски јазик. Се стекнав со многу знаења и по секое предавање бев сè повеќе мотивирана. Освен предавањата, учествувавме во повеќе слободни активности,
додека, пак, во викендите имавме шанса да ја запознаеме убавата Белгија. На стажот имаше професори и студенти од 33 националности. Моментите што ги споделивме заедно ќе ги паметам секогаш. Разменивме доста искуства, а и научив многу за другите култури. Среќна сум што сега можам да ги наречам мои пријатели. Благодарна сум што имав можност да учествувам во еден ваков значаен проект. За мене ова беше едно незаборавно искуство кое ме направи побогата на професионално и на лично ниво.
***
Du 24 juillet au 11 août 2023, j’ai participé au Stage international d’été en didactique du français langue étrangère (FLE) organisé par le Cedefles. Le stage a eu lieu à l’Université catholique à Louvain-la-
Neuve, en Belgique, et cette année c’était sa trentième édition. Au cours des trois semaines, j’ai suivi plusieurs modules parmi lesquels : le théâtre et le FLE, l’évaluation en cours de FLE, la compétence orale etc. Chaque cours était utile et intéressant. Nous avons discuté des techniques et des méthodes innovantes qu’on pourrait introduire dans le cours de FLE et grâce auxquelles on améliorerait
l’enseignement du FLE. J’ai acquis plein de nouvelles connaissances et après chaque cours je devenais de plus en plus motivée. À part les cours, il y avait de nombreuses activités libres, tandis que les week-ends étaient réservés à la découverte de la belle Belgique. Au stage, il y avait des participants de 33 nationalités différentes. Les moments que nous avons partagés ensemble, c’est quelque chose dont je me souviendrai toujours. Nous avons échangé sur nos cultures et j’ai appris beaucoup sur les cultures différentes. C’était vraiment l’interculturalité! Je suis heureuse de pouvoir les considérer tous comme mes amis maintenant!
Je suis très reconnaissante d’avoir eu l’opportunité de participer à un évènement de grande importance. Cela représente pour moi une expérience inoubliable et enrichissante dans le domaine
professionnel et personnel.‘‘
Марија Митреска
Учество на франкофонски настани од УАФ- Фестивал на франкофонски студенти од Централна и Источна Европа, во Подгорица, Црна Гора
„Благодарна сум за искуството на Фестивалот на франкофонски студенти, годишен настан, кој овојпат се одржа во Подгорица, Црна Гора. Заедно со околу 80 учесници од преку 15 држави од Централна и Источна Европа, имавме можност да ги откриеме различностите меѓу нашите уникатни култури, но и да најдеме некои сличности кои нè поврзуваат. Поминавме 5 дена исполнети со интересни работилници за танц, пеење, сликарство, фотографија, интеркултурен дијалог и јавно говорење. Имавме можност и да слушнеме малку повеќе и да ни бидат одговорени прашањата во врска со вработување, меѓународна соработка, проекти, можнa практиканска работа и општата ситуација во Црна Гора на овие теми. Во секое слободно време се дружевме и најмногу ја ценам можноста да се запознаам со нови личности, со кои го вежбавме разговорниот и неформален француски – интерес кој нè спојуваше сите, а особено се зближивме на еднодневната прошетка во Котор. Целосното искуство заврши со прекрасно организираната Гала вечер, каде што сите настапувавме со нашите креативни творби кои ги создадовме за време на работилниците. А, во секоја дисциплина имаше и награди, па со задоволство ќе кажам дека освоив две први места и паричен грант во категориите за ,,Танц” и ,,Интеркултурен дијалог”, во кои земав учество. Ова беше 10-тото издание на овој фестивал, кое се одржа од 4-ти до 8-ми септември 2023 година, организирано и целосно финансирано од Универзитетската франкофонска агенција AUF.‘‘
Мила Поповска

На 04.05.2023 година во просториите на Јуроп Хаус љубителите на шпанскиот јазик
и литература имаа можност да се запознаат со шпанската писателка и колумнистка
Карла Мерино, позната и под уметничкото име Карла де Ла Ла. Студенти од Групата
за шпански јазик и книжевност од нашата Катедра, кои преведоа поглавје од
книгата „Што е важно што те сакам“ на Мерино, во оваа прилика зедоа активно
учество во разговорот со писателката, поставувајќи ѝ прашања и зборувајќи за
процесот на преведување.
На 05.05.2023 претставници од Катедрата остварија посета на средното училиште
„Гоце Делчев“ во Куманово, каде што ученици од оваа училиште, што го изучуваат
шпанскиот јазик како трет јазик, исто така имаа можност да се запознаат со Карла
Мерино. Бевме топло пречекани од директорката и наставниците, а со учениците и
писателката спроведовме низа креативни активности.
Овие настани беа спроведени во соработка со Здружението на преведувачи и
толкувачи на РСМ и овозможени со поддршка на Амбасадата на Шпанија.

На 24.4.2023, Групата за шпански јазик и книжевност при Катедрата за романски јазици и книжевности го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право. М-р Игор Поповски зборуваше за Мигел де Сервантес, за неговото бесмртно дело „Дон Кихот“, како и за неговата рецепцијата во Македонија, а нашите студенти Зорана Младеновиќ и Дамјан Блажески од прва година рецитираа песни од шпански и македонски автори. Со присуство нè почестија и Н.Е. амбасадорот на Шпанија, г. Хосе Луис Лосано Гарсија и академик Влада Урошевиќ, кој ни прочита песна во препев на Матеја Матевски, како еден од најзаслужните препејувачи и преведувачи од шпански на македонски јазик.

Благодарност и до другите колеги и присутни! Прекрасно си поминавме!

Нека ни е честит Денот на книгата!

 

ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје

На 19 мај 2023 год, во ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје, студенти од втора и од трета година
од Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже
Конески“ одржаа работилница на тема „Запознајте го Париз и неговите знаменитости“.
Преку презентација на интересни факти поврзани со градот Париз и низ различни забавни
активности, студентите им ја доближија француската култура на учениците од деветто
одделение кои следат настава по француски јазик кај наставничката Анета Митевска.
Истовремено, за студентите тоа беше можност да се здобијат со првото практично
искуство во наставата по француски јазик.

Програма на шестите Денови на франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ -2023
Прилог:
Претставување на проектот МОЛИВЕРЗУМ на Телевизија 24.

Преведувачка работилница за шпански јазик

На 17.12.2022 се одржа првиот дел од работилницата по превод спроведена со апсолвенти и поранешни студенти по шпански јазик (Никола Спасовски, Катерина Павловска, Николина Методиевска и Ивана Дрнковска) под менторство на д-р Сања Михајловиќ-Костадиновска.
Проектот се организираше на иницијатива на Здружението на преведувачи и толкувачи на СРМ, а во соработка со Групата за шпански јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и со поддршка на Амбасадата на Шпанија.
Работилницата се состоеше во превод на извадок од романот „Што е важно што те сакам“ на авторката со уметничко име Карла де Ла Ла, и на оваа онлајн средба студентите имаа прилика да разговараат со неа подетално за романот и за проблемите при преводот. И покрај тоа што средбата беше онлајн, соработката на студентите со Карла беше многу пријатна и плодна и таа успешно им пренесе на студентите дел од нејзината љубов кон книжевноста.

На 16 декември 2022 г., на Универзитетот во Вроцлав се одржа Меѓународен научен собир во рамки на повеќегодишниот меѓународен научноистражувачки проект Les langues, les littératures et les cultures françaises et slaves en contact et en divergence.

На собирот учествуваа проф. д-р Елисавета Поповска, проф. д-р Ирина Бабамова и проф д-р Снежана Петрова (линк кон програмата)

Прием по повод Националниот ден на Романија – 1 декември

На покана на Н.Е. Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во Република Северна Македонија, членови на Катедрата за романски јазици и книжевности и на Групата за романски јазик и книжевност присуствуваа на приемот по повод одбележувањето на Националниот празник на Романија што се одржа на 1 декември 2022г. во хотелот Хилтон во Скооје.

Почитувани колеги,

Драги студенти,

Во рамки на Средноевропската програма за универзитетска размена – ЦЕПУС (CEEPUS) и на Мрежата на хиспанисти од Централна Европа (Red de Hispanistas de Europa Central), на 16, 17 и 18.11.2022 г. ќе гостуваат д-р Михаил Еначеску и д-р Разван Бран, професори од Катедрата за романски јазици и книжевности, класични јазици и современ грчки јазик при Универзитетот во Букурешт, Романија.

 

Проф. д-р Михаил Еначеску ќе одржи предавања на шпански јазик на следниве теми:

1. Лексичка стабилност и лексички промени во парадигмата за човечкото тело во романските јазици – среда, 16.11.2022, 12:10-13:35, во Лабораторија 3.

2. Лековити средства во поговорките на латински јазик и во романските јазици – четврток, 17.11.2022, 10:35-12:00, во Библиотека за романски јазици.

3. Губењето и замената на арабизми во шпанскиот јазик: имиња на професии – петок, 18.11.2022, 10:35-12:00, во Библиотека за романски јазици.

 

Лектор д-р Разван Бран ќе одржи предавања на шпански јазик на следниве теми:

1. Идеологија и патриотизам во учебниците за шпански јазик како странски јазик објавени во Романија за време на комунизмот – среда, 16.11.2022, 13:35-15:10 (во Лабораторија 3).

2. Концептуалните метафори за умот во шпанскиот јазик – четврток, 17.11.2022, 12:10-13;35, во Библиотека за романски јазици.

3. Концептуални метафоризации за метеролошките феномени на шпански јазик – петок, 18.11.2022, 12:10-13;35, во Библиотека за романски јазици.

 

Ве очекуваме!

Професори од Групата за француски јазик и книжевност учествуваа на Меѓународниот научен собир Les études françaises aujourd’hui што се одржа во Белград на 4 и 5 ноември 2022 г.
Програмата на Собирот е достапна тука: Etudes_francaises_2022_Programme_VF

1.11.2022  –  Саем на студии во Франција (линк кон програмата)
 
Претставување на студиските програми на Групата за француски јазик и книжевност, на проектот Еразмус + за развој на студиски програми по Применети странски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“  и на активностите на Центарот за универзитетски успех Le Très-FLE на Универзитетската агенција на Франкофонијата при УКИМ.

ИЗВЕШТАЈ

За „Парламентот на Млади Франкофони“

Од: Давид Стоилковски –делегат/претставник на парламентот од РСМ

Од 25 до 31 јули се одржа деветтото издание на Франкофонскиот младински парламент (ПФЈ), во организација на Парламентарното собрание на Франкофонијата (АПФ), во соработка со Парламентот на Република Албанија и градското собрание на Тирана, со поддршката на Меѓународната организација на Франкофонијата. 

По тој повод, на настанот учествуваа 60 млади луѓе кои зборуваат француски на возраст од 18 до 26 години, од 27 земји. За прв пат, на Франкофонскиот младински парламент (ПФЈ) беше организирана во Тирана, европската престолнина за младите во 2022 година.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, учестуваше на на Франкофонскиот младински парламент со неговиот претставник, студентот Давид Стоилковски, кој заедно со делегатите од другите држави работеа на четри резолуции. 

Темите кои беа опфтени и усвоени беа: борба против дезинформациите, учество на младите во борбата против климатските промени, враќање на културните добра во земјите и укинување на смртната казна :

Résolution de la Commission des affaires parlementaires sur la lutte contre la désinformation

Résolution de la Commission de la coopération et du développement sur la participation des jeunes à la lutte contre les changements climatiques

Résolution de la Commission de l’éducation, de la communication et des affaires culturelles sur le retour des biens culturels au pays d’origine

Résolution de la Commission politique sur l’abolition de la peine de mort

Canyon Matka. Magnifique randonnée avec les étudiants du Département de langues et littératures romanes.
Destination : Monastère Saint- Nicolas de Chichevo.
Les mots de la journée : escalade – bonne compagnie – cyclamen – temps au beau fixe

Ние сме УКИМ – ние сме едно семејство!
 
Соработка помеѓу Технолошко-металуршкиот факултет (УКИМ), Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје (УКИМ), Францускиот институт во Скопје, НУБ „Св. Климент Охридски“ и ЦУУ „Ле Тре-ФЛЕ“ на Универзитетската агенција на Франкофонијата при УКИМ
 
        МОЛИВЕРЗУМ – изложба на модни креации инспирирани од творештвото на Молиер,  17.10.2022 г. 19.00ч, НУБ „Св.Климент Охридски“
 
Со учество на студентките Марија Митревска (IV год.) и Ева Жиро (III г.) од Групата за француски јазик и книжевност при КРЈК
 
 

Покана за прошетка до Матка, на 15 октомври 2022 – збирно место кај Транспортен центар во 10 ч.

Прием по повод Националниот ден на Шпанија – 12 октомври 2022

На покана на Н.Е. г. Хозе Луис Лозано Гарсија, Амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, членови на Катедрата за романски јазици и книжевности и на Групата за шпански јазик и книжевност присуствуваа на приемот по повод одбележувањето на Националниот ден на Шпанија што се одржа на 12 октомври 2022 г. во хотелот Хилтон во Скопје.

1. Ги информираме студентите од Катедрата за романски јазици и книжевности дека Конкурсот за најдобар млад преведувач „за 2023 година е објавен и краен рок за прием на пријавите за учество е 2 април 2023. Повеќе информации може да добиете во библиотеката за романски јазици и книжевности и на страната https://babylon.mk/.

2. Во рамките на соработката со издавачката куќа Кле Ентернасјонал (CLE International), Катедрата за романски јазици и книжевности доби учебници од најновата метода по француски јазик „Odysée‘‘ за нивоата од А1 до B2.

3. На покана на Францускиот институт во Скопје, раководителот на Катедрата за романски јазици и книжевности, проф. д-р Ирина Бабамова учествуваше на средбата посветена на промовирањето на францускиот јазик што се одржа на 28 септември 2022 во хотелот „Холидеј Ин‘‘ во Скопје. Повеќе информации за приемот на следниот линк: https://fb.watch/fR7b9yB9Ac/

4. На 28 септември 2022 г. во Салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески‘‘ во Скопје, Катедрата за романски јазици и книжевности одржа комеморативна седница посветена на проф. д-р Илинка Митрева, долгогодишен професор по француска книжевност на Групата по француски јазик и книжевност. Во присуство на семејството на проф. Митрева, почит ѝ одадоа бројни соработници и колеги од КРЈК и од Филолошкиот факултет „Блаже Конески‘‘- Скопје.

Од 10-12 мај 2022, проф. д-р Петар Радосављевиќ од Универзитетот во Загреб одржа предавања на Катедрата за романски јазици и книжевности за истророманскиот и бајашкиот дијалект.

На 13 мај амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е Хосе Луис Лосано Гарсија одржа предавање на тема „Шпанија-Европа: носталгија, желби- една приказна‘‘ на Катедрата за романски јазици и книжевности.

Денови на франкофонијата на Филолошки факултет „Блаже Конески“

Во рамките на Деновите на франкофонијата на „Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ што ги организира Катедрата за романски јазици и книжевности во соработка со Центарот за универзитетска успешност на УАФ при УКИМ, в петок, 8 април 2022 г. во 10.45 ч., ќе се одржи презентација на истражувањата од проектот Термини и терминолошки изрази поврзани со ковид-пандемијата во македонскиот, во францускиот и во италијанскиот јазик –ТЕРМАКФРИТ поддржан од УКИМ (реализатори : проф. д-р Славица Велева, проф. д-р Ирина Бабамова, проф. д-р Александра Саржоска)

Ве покануваме да ја проследите презентацијата во библиотеката за романски јазици и книжевности или на следниов линк:

Topic: TERMAKFRIT

Time: Apr 8, 2022 10:45 AM Sarajevo, Skopje, Zagreb

Join Zoom Meeting:

Join our Cloud HD Video Meeting

Meeting ID: 871 6013 2160

Passcode: 089518

На 8 април во 11.45 ч. ќе се одржи и презентацијата на учебникот « Léo et Sophie vous font découvrir le français – niveau collège » (реализатори: проф. д-р Снежана Петрова и авторките на учебникот). Настанот може да го проследите на следниов линк: 

https://us02web.zoom.us/j/85308539912?pwd=VWN0N0JkVEhGbVNxYWtJT3h1OEVnZz09

Meeting ID: 853 0853 9912

Passcode: 627662

Денови на франкофонијата на Филолошки факултет „Блаже Конески“

Во рамките на петтите Денови на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Катедрата за романски јазици и книжевности и Центарот за универзитетска успешност „Le Très-FLE“ на УАФ при УКИМ ве покануваат на работилница за хаику поезија која ќе се одржи на 29.3.2022 г., во 9 ч.

Прилог: програма

Денови на франкофонијата на Филолошки факултет „Блаже Конески“

Во рамките на петтите Денови на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Катедрата за романски јазици и книжевности и Центарот за универзитетска успешност „Le Très-FLE“ на УАФ при УКИМ ве покануваат на работилница за онлајн игри која ќе се одржи на 25.3.2022 г., во 19 ч. и на франкофонска прошетка на Водно на 26.3.2022 г. (поаѓање во 10:45 ч. пред ОУ „Кочо Рацин‘‘).

Прилог: програма

Денови на франкофонијата на Филолошки факултет „Блаже Конески“

Катедрата за романски јазици и книжевности ги известува студентите и професорите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ дека во периодот од 2 март до 8 април 2022 г. се одржуваат петтите Денови на франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организирани во соработка со Центарот за универзитетска успешност „Le Très-FLE“ на УАФ при УКИМ. Програмата е во прилог.

Прилог: програма

Конференција – „Делото и животот на Мигел Делибес“

На 25.11.2021 година, по повод стогодишнината од раѓањето на шпанскиот писател Мигел Делибес, во Салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се одржа конференција на тема „Делото и животот на Мигел Делибес“ која беше поддржана од Амбасадата на Кралството Шпанија, а на која учество зедоа Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија, амбасадор на Шпанија, проф. д-р Маја Бојаџиевска, продекан за меѓународна соработка, проф. д-р Ирина Бабамова, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности, г. Фернандо Замакола, директор на Фондацијата „Мигел Делибес“ и г-ѓа. Елиса Делибес, ќерка на авторот и почесен претседател на Фондацијата.

На настанот, што се одржуваше според протоколите за заштита од Ковид-19, присуствуваа студенти и наставници од Групата за шпански јазик при Катедрата за романски јазици и книжевности.

Во оваа прилика Фондацијата донираше книги од авторот Мигел Делибес со што се збогати фондот на Библиотеката за романски јазици и книжевности.

Објавено: 2.12.2021

Предавање на проф. д-р Фатима Марињо од Универзитетот во Порто (ЕРАЗМУС+)

На 22.11. и 23.11.2021 г. проф. Фатима Марињо од Универзитетот од Порто (Португалија) гостуваше преку програмата Еразмус+ и одржа три предавања за студентите од Групата за шпански јазик и книжевност на следниве теми:
1. Кризата на романот
2. Да се чита минатото
3. Другиот во португалската и шпанската книжевност

Предавањата се одржаа онлајн, преку платформата Зум, и студентите можеа да слушнат за интересни концепти и да стекнат широка претстава за развојот на литературата во XIX и XX век. Следеа и интересни дискусии.

Се надеваме дека соработката со Универзитетот во Порто ќе продолжи и во иднина.

Објавено: 25.11.2021

Конкурс за доделување 9 стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува стипендии за студенти на прв циклус студии на студиските програми по француски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при УКИМ.

Се доделуваат стипендии:

  • пет стипендии за идни студенти – првa група.
  • четири стипендии за активни студенти – втора група.

Детални информации на линкот: Конкурс за доделување 9 стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Објавено: 22.9.2021

Соопштение за студентите од студиската група француски јазик (наставна насока)

Испитот по предметот Методика на наставата по француски јазик 2 (од шести семестар) се презакажува за 28 јуни 2021 во 10 ч. (ќе се одржи во библиотеката за романски јазици)

Кандидати коишто сакаат да полагаат испит по Методика – практична подготовка за наставата по француски јазик 1 или 2 до 30 мај 2021 треба да се пријават на следната електронска адреса: mtrajkova@gmail.com

Од предметниот наставник

Почитувани колеги,

По повод Меѓународниот ден на франкофонијата, 20 март, Катедрата за романски јазици и книжевности ги организира четвртите Денови на франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
Во прилог ви ја доставуваме програмата за оваа манифестација што ќе се одржува онлајн во периодот од 15 март до 2 април 2021 г.

Ве покануваме да ги проследите планираните промоции и активности и да ни се придружите во франкофонското дружење.

Со почит,
Катедра за романски јазици и книжевности

Програма: Денови на франкофонија 2021

Шпанска филмска вечер со мозаик од селфи фотографии

Вечерта на 28.02.2021 г. студенти од Групата за шпански јазик и книжевност, од други катедри кои го учат шпанскиот јазик, ЕРАЗМУС студент од Италија и наставници од Катедрата за романски јазици и книжевности синхронизирано од различни локации гледаа шпански филм “Болничарот” од режисерот Карлес Торас (Нетфликс) со Марио Касас во главната улога и, како „доказ”, секој направи селфи за заеднички мозаик. По филмот беше организирана вечерна неформална е-средба за да се споделат впечатоци, подредат и прераскажат филмски сцени, погодат филмски реплики,… со цел поголема социјализација во услови на физичка дистанцираност. Шпанска филмска вечер како спој на корисното и забавното!

Соопштение за сите студенти:
 
Известуваме дека во летниот семестар на учебната 2020/21 година студентите од сите катедри повторно имаат можност како слободно изборен предмет да запишат:

Шпански јазик 2- курс на почетно А2 ниво кој им дава можност да научат:

–  основна граматика (сегашно време,ser/estar, минато свршено и несвршено време, прилози за време и место, директен и индиректен предмет, компаратив и суперлатив,..),

–  вокабулар од секојдневниот живот (активности во слободното време, превозни средства, дата и час, месеци и годишни времиња,…) и

–  интересни социокултуролошки содржини (туристички атракции во Мадрид, Барселона и Валенсија, работно време и сиеста, култура на „тапас” и ноќен живот, танго, салса и фламенко,…) кои заедно ги развиваат основните комуникациски способности на студентите на шпански јазик и ги запознаваат со корисни аспекти на шпанската култура.

Шпански јазик 4 – курс на средно Б1 ниво кој им дава можност на студентите да научат:

–  основна граматика (неопределени заменки, споредбени реченици, дополнителни употреби на минатите времиња на индикативот, сегашно време од конјуктивот, …);

–  вокабулар од секојдневниот живот (физички опис, карактерни црти, професии, здравје, патувања и празници,…) и

–  интересни социокултуролошки содржини (учтивост, семејни односи, еколошка свест, жените во деловниот свет итн.) кои заедно ги развиваат комуникациските способности на студентитена шпански јазик и ги запознаваат со корисни аспекти на шпанската култура.

Шпански јазик 1 и Шпански јазик 4 се наменети за студенти кои сметаат дека вклучување на основни познавања од шпанскиот како глобален јазик и аспекти од шпанската култураво својот сет на вештини може да биде додадена вредност со која се подобруваат перспективите за работа и се олеснува кариерниот развој.

 

Освен овие предмети, студенти од други Катедри може да изберат:

Романска книжевност 2 – Романска стара книжевност 2

Романска книжевност 4 – Романска модерна книжевност 4

По повод одбележувањето на 50 годишнината на Меѓународната организација на Франкофонијата, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија отвори пригодна виртуелна изложба која може да ја погледнете на следниот линк.  https://www.mfa.gov.mk/mk/page/13/post/2428/virtuelnata-izlozhba-%E2%80%9E50-godini-frankofonija-%E2%80%93-pogled-od-severna-makedonija%E2%80%9C

Покровител на франкофонските активности по повод овој јубилеј е Претседателот на Република Северна Македонија, господинот Стево Пендаровски.

„Од посетата на делегацијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Министерството за образование и наука на РСМ и Министерството за надворешни работи на РСМ на Претседателот на Република Северна Македонија, господинот Стево Пендаровски, по повод 50 годишнината од основањето на Меѓународната организација на Франкофонијата“ (март 2020 г.)

Информација за студентите по шпански јазик и книжевност – I година (20.11.2020)

Ве известуваме дека проф. д-р Горана Зечевиќ Крнета од Универзитетот во Крагуевац ќе изведува онлајн настава по предметот Граматика на шпанскиот јазик 1-Вовед во шпанската лингвистика почнувајќи од 26 ноември до 24 декември 2020 г. Наставата ќе се одржува во четврток од 9.00 до 12.00 часот.
Проф. д-р Зечевиќ Крнета ќе стапи во контакт со студентите пред првиот час на 26 ноември.

Соопштение за студентите и за наставниот кадар од Катедрата за романски јазци и книжевности (17.11.2020)

Ве известуваме дека библиотеката за романски јазици и книжевности ќе биде отворена секој работен ден од 8.30-11.30 часот. Работите во библиотеката ќе ги извршува Ванкица Кочоска.

Натпревар за наставници по и на француски јазик на платформата Каут (Kahoot)!

Concours de création de Kahoot! ludo-pédagogique!

Mesdames et Messieurs,
Enseignant.e.s de et en français,

Le Centre régional francophone pour l’Europe centrale et orientale (CREFECO) lance un concours de création de quiz ludo-pédagogiques sur la plateforme Kahoot! du lundi 26 octobre au samedi 15 novembre 2020.
Nous invitons tous les enseignants de et en français d’Europe centrale et orientale à exprimer leur créativité digitale en lien avec l’enseignement de ou en français en proposant des quiz originaux, ludiques et pédagogiques.
Les candidats intéressés doivent compléter la fiche d’inscription suivante : https://forms.gle/SV4p8HVdE6ptZs2D6 
Les candidatures doivent être envoyées au plus tard le 15 novembre 2020 à minuit (UTC+00).
Après sélection du jury, les récompenses seront réparties comme suit :

  • Le candidat classé 1er remportera un prix d’une valeur de 500€
  • Le candidat classé 2ème remportera un prix d’une valeur de 300€
  • Le candidat classé 3ème remportera un prix d’une valeur de 100€

Un prix du public d’une valeur de 100 euros sera décerné au candidat qui a eu le plus de vote sur nos différents réseaux sociaux hormis les 3 premiers prix.
Pour vous aider dans la conception de votre quiz, un guide d’utilisation de Kahoot! est également disponible ici.
Pour plus d’informations visitez notre site : https://www.crefeco.org/display.php?fr/candidatureKahoot2020
 
Pour les organisteurs