Италијански јазик и книжевност
за катедрата
Катедра за италијански јазик и книжевност
Италијанскиот јазик се изучува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од 1959 год., најнапред во рамки на Катедрата за романски јазици и книжевности, а од 2010 год. на Катедрата за италијански јазик и книжевност. Катедрата нуди студиски програми за додипломски, постипломски и докторски студии. На Катедрата досега има преку 800 дипломирани преведувачи/толкувачи и наставници по италијански јазик.





Покрај наставната дејност, Катедрата активно учествува во научно-истражувачката дејност на Факултетот преку организирање на научни собири и семинари, објавување монографии, учество во меѓународни и национални проекти и организирање на предавања на еминентни визитинг професори. Катедрата организира, исто така, активности со студентитите (превдувачки работилници, театарски претстави и сл.). Катедрата активно придонесува за ширење на италијанскиот јазик и култура во РМ и соработува со Италијанската амбасада во Скопје, Институтот Данте Алигиери во Скопје и голем број на странски универзитети. На Катедрата работат осум наставници, два надворешни соработника и еден лектор од Италија.
СТУДИСКИ ГРУПИ
Насоки
Италијански јазик и книжевност – наставна насока
Италијански јазик и книжевност – преведувачко-толкувачка насока
Студиски и предметни програми
Студиски и предметни програми по ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ акредитирани во 2018 г.
Кликнете за да ја преземете студиската програма.
Студиски планови акредитирани во 2013 г.
Кликнете за да ја преземете студиската програма.
Наставни планови и програми акредитирани во 2010 г.
Кликнете за да ја преземете студиската програма.
НАСТАВНИЦИ

д-р Александра Саржоска
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Радица Никодиновска
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Анастасија Ѓурчинова
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Лучиана Гуидо-Шремпф
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Руска Ивановска-Наскова
ПРОДЕКАН, РЕДОВЕН ПРОФЕСОР

д-р Ирина Талевска
ДОЦЕНТ

м-р Валентина Милошевиќ-Симоновска
ВИШ ЛЕКТОР

м-р Бранка Гривчевска
ЛЕКТОР

д-р Марко Пешетели
СТРАНСКИ ЛЕКТОР

д-р Љиљана Узуновиќ
ДОЦЕНТ