Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје се вклучи во меѓународниот проект DAFLS (Developing Applied Foreign Language Skills / Развивање на програма за додипломски и последипломски студии по применети јазици), поддржан од Еразмус+ програмата. Основната цел на проектот е нашиот факултет, зааедно со еден од регионалните партнери – Филолошкиот факултет при Белградскиот Универзитет (Србија) – да дизајнира и развие студиски програми за применети странски јазици на додипломско и постдипломско ниво. Новите програми не само што ќе ја збогатат понудата за изучување јазици на нашиот факултет, туку и ќе ја зголемат можноста за вработување на идните дипломци и постдипломци, со оглед на тоа што освен специфични јазични вештини, студентите ќе стекнат и други значајни компетенции (од областа на правото, економијата и проектниот менаџмент). Потребата од ваков стручен кадар е очигледна во контекст на глобализациските и евроинтеграциските процеси кои се одвиваат во Скопје и Белград.
Носител на проектот е Универзитетот Каен во Франција, којшто има четириесетгодишно искуство во создавање стручни кадри по применети странски јазици. Исто така, во проектот DAFLS е вклучена и Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА Скопје).
Првите состаноци на кои партнерите го презентираа проектот се одржаа онлајн, на 4-ти и 5-ти ноември 2020 г. Проектот ќе трае до август 2023 г.
The Blaze Koneski Faculty of Philology – Skopje will participate in a three-year international cooperation project funded by the European Commission’s Erasmus+ programme. The project is titled Developing Applied Foreign Language Skills (DAFLS) and aims to assist our faculty and one of our regional partners – The University of Belgrade Faculty of Philology (Serbia) – in designing and developing a study programme in applied languages at both undergraduate and post-graduate levels.
Not only will the new study programme provide alternative language instruction, but it will also increase our graduates’ employability as the multidisciplinary degrees will include modules in law, economics and project management. The necessity for generating graduates with such specific competences is obvious in the context of North Macedonia’s and Serbia’s European integration processes.
The University of Caen (France), which has forty years’ experience in producing graduates in applied languages with a high level of competence, is coordinating this international project. The European Association for Local Democracy Agencies (ALDA Skopje) is another partner organization.
The online kick-off meeting took place on November 4th and 5th, 2020. The project DAFLS will last until august 2023.