CILS – CERTIFICAZIONE DI ITALIANO COME LINGUA STRANIERA

(Сертификат за познавање италијански како странски јазик)

 

ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТОТ CILS ВО ЈУНИ 2024 

 

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје е седиште за изведување испити за сертификатот за познавање на италијанскиот како странски јазик CILS за сите нивоа: CILS A1 e A2, CILS UNO – B1, CILS B1 – Adolescenti, CILS B1 – Cittadinanza, CILS DUE – B2, CILS TRE – C1, CILS QUATTRO – C2. Испитите се организираат во соработка со Универзитетот за странци во Сиена двапати годишно, во декември и во мај/јуни.

Зошто да полагате CILS?

  • за вработување во Италијa;
  • добивање италијанско државјанство (ниво B1);
  • упис на италијанските универзитети (ниво B2);
  • предавање на италијанскиот како странски јазик надвор од Италија (QUATTRO – C2).

 

Испитите се спроведуваат со физичко присуство во просториите на Филолошкиот факултет. Валидноста на сертификатите CILS не е временски ограничена. Пријавувањето завршува 40 дена пред датумот на полагање на испитот.

DITALS – CERTIFICAZIONE IN DIDATTICA DELL’ITALIANO COME LINGUA STRANIERI

(Сертификат за држење настава по италијански како странски јазик)

 

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје е седиште за изведување испити за сертификатот ДИТАЛС, со кој се потврдува поседување теориски и практични знаења од областа на наставата по италијанскиот како странски јазик. Испитите се состојат од анализа на дидактички материјали, анализа и дидактичко искористување на текст и делови за оценување на знаења од областа на методиката на наставата по италијански јазик. Сертификатот, кој го издава Универзитетот за странци од Сиена, може да биде корисен при аплицирање за работа како професор по италијански јазик.

Испитите за сите нивоа на ДИТАЛС – ДИТАЛС основно ниво, ДИТАЛС I ниво, ДИТАЛС II ниво и ДИТАЛС digitale – се спроведуваат со физичко присуство во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ –Скопје.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОЛАГАЊЕ

 
Пријавувањето трае до: 23 април 2024 година
Испитите ќе се одржат на: 5 јуни 2024 година

 

За дополнителни информации во врска со датуми на испитите и начин на пријавување обратете се кај лектор м-р Бранка Гривчевска, Одговорно лице за CILS и DITALS, branka.grivcevska@flf.ukim.edu.mk,

+389 (02) 3240-412.

 

 

👉 Посетете ги следните веб-страници за дополнителни информации за предуслови, начин на спроведување, критериуми, и оценување на испитите:

https://cils.unistrasi.it/home.asp

https://ditals.unistrasi.it/home.asp

👉 Блог на Катедрата за италијански јазик и книжевност:

http://italijanistika.blogspot.com/

👉 Фб-страница на Катедрата:

https://shorturl.at/cnoCE