Преведување и толкување
за катедрата

Историјат

Катедрата за преведување и толкување произлезе од првиот успешен проект на независна суверена Република Македонија (Project ID: S_JEP-12261-1997- PHARE) одобрен од Европската комисија во Брисел. Kатедрата e формирана во соработка со и со финансиска поддршка на Европската комисија за да профилира кадри – преведувачи и толкувачи, според стандардите на Европските институции. Во проектот учествуваа Филолошкиот факултет “Блаже Конески”, Институтoт Мари Апс од Брисел (Institut Libre Marie Haps) како главен европски координатор, Високата школа Еразмус за преведувачи и толкувачи од Брисел (Erasmushogeschool van het Gemeenschapsonderwiis), Институтот за преведувачи, толкувачи и меѓународни врски при Универзитетот за општествени науки од Стразбур, (Institut de Tradecteurs, d’Interprètes et de Relations Internationales – Université des Sciences Humaines de Strasbourg) и Универзитетот од Хајделберг, (Ruprecht-Karls-Universitat Heidelberg) во соработка со Универзитетот од Маинц (Johannes-Gutenberg-Universität). Во текот на реализацијата на проектот, наставниот кадар во повеќе наврати престојуваше во партнерските европски универзитети за стручно усовршување и специјализација за изведување на наставата на Катедрата за преведување и толкување.

Специфика на катедрата

Со основањето на Катедрата за преведување и толкување за првпат во Македонија се воведе универзитетско образование за толкувачи, а со исклучок на Универзитетите од Љубљана и од Марибор, катедрата е единствена во регионот која нуди посебни билингвални студии по преведување и толкување – на ниво на додипломски студии и на постдипломски студии (конференциско толкување). Катедрата обучува и профилира билингвални преведувачи и толкувачи, како одговорни стручни и медијаторски лица во комуникацијата со припадниците на разни култури и јазици. Дипломираните преведувачи и толкувачи на катедрата се вработени во јавниот и приватниот сектор, во владините институции (Секретаријатот за европски прашања, министерствата, Собранието на РМ, судовите), во конзуларно-дипломатските претставништва кај нас и во странство, невладините установи од национален и меѓународен карактер, во мешовитите претпријатија што непосредно соработуваат со странство, но имаат и потенцијална можност да се вработуваат и во Европските институции, со оглед на тоа што веќе имаме акредитирани толкувачи за Европските институции кои дипломирале на нашата Катедра.

На Катедрата за преведување и толкување се изучуваат и применуваат различни софтверски алатки со голема примена на преведувачкиот пазар во државата и во странство, како што се алатките за компјутерски-потпомогнато преведување Вордфаст – донација од компанијата Wordfast LLC и Yves Champollion (Our curriculum includes practice of Wordfast translation tools, courtesy of Wordfast LLC and Yves Champollion).

СТУДИСКИ ГРУПИ

Насоки

  • Преведување и толкување – преведувачка насока – 2023
  • Преведување и толкување – толкувачка насока – 2023
  • Преведување: од македонски на јазик Б (англиски, француски, германски) и обратно и од јазик В (англиски, француски, германски) на македонски – 2018
  • Толкување: од македонски на јазик Б (англиски, француски, германски) и обратно и од јазик В (англиски, француски, германски) на македонски – 2018

Студиски и предметни програми

Студиски планови акредитирани во 2013 г.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

Студиски планови акредитирани во 2010 г.

Кликнете за да ја преземете студиската програма.

БИБЛИОТЕКА

Библиотекар:

Филип Набаков

Тел.: (02) 3240-492, локал 492

e-mail: n.filip@flf.ukim.edu.mk

ЗА СТУДЕНТИТЕ