Вовед во преведувањето и толкувањето
Преведување од англиски (Б/В) на македонски јазик 3
Преведување од англиски (Б/В) на македонски јазик 4
Преведувачко-толкувачката професија
Англиски јазик Б3
Англиски јазик Б4
Проф. д-р Соња Китановска-Кимовска е доктор на филолошки науки од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што работи како редовен професор по англиски јазик и преведување при Катедрата за преведување и толкување. Докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на тема од областа на преводната стилистика. Завршила втор циклус (магистерски) студии во Истражувачкиот центар за англиски јазик и применета лингвистика при Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија, како добитник на престижната стидендија „Чивнинг“ на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, во соработка со Институтот отворено општество и Фондот за странски студенти при Универзитетот во Кембриџ. Дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Д-р Китановска-Кимовска има богато професионално искуство како преведувач/толкувач за меѓународни организации, компании и агенции и се служи со најсовремените алатки за компјутерски потпомогнато преведување. Во 2003 година е назначена за постојан судски преведувач од македонски на англиски јазик и обратно, од Министерството за правда на РСМ.
Д-р Китановска-Кимовска постојано професионално се усовршува. Таа има посетено бројни семинари, обуки и конференции за професионална надградба во
областа на преведувањето. Посебно се издвојуваат посетата на Летната школа за
истражување на превод на Универзитетскиот колеџ Лондон (Лондон, Обединето Кралство, јуни 2007 г.), студискиот престој на Универзитетот во Кембриџ за изработка на докторската дисертација (Кембриџ, Велика Британија, јануари 2012 г.), посетата на Летната школа за докторанди и наставници од областа на науката за преведувањето „СТРИДОН“ (Пиран, Словенија, јуни – јули 2016 г.), посетата на Генералниот директорат за толкување при Европската комисија, како дел од обуката за обучувачи на толкувачи (Брисел, Белгија, септември 2025 г.), како и сите годишни конференции на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија и годишните виртуелни конференции за професионални преведувачи и толкувачи на Proz.com.
Проф. д-р Китановска-Кимовска има објавено над 60 научноистражувачки трудови во референтни домашни и во меѓународни публикации, а и учествувувала на голем број меѓународни конференции во земјата и во странство.
Д-р Китановска-Кимовска е активна и во невладиниот сектор, како член на раководни органи на неколку граѓански организации, од кои најзначаен е ангажманот како член на Органот на управување на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) (од 2013 до денес). Од декември 2022 година е член на техничкиот комитет при Институтот за стандардизација на РСМ ТК 39 – „Јазици, терминологија, преведување, толкување и поврзаната технологија“.
Истражувачки интереси: наука за преведувањето, преведувањето и стилистиката, настава за преведувачи (дидактични методи и оценување), професионални аспекти на преведувањето.
Книги (научни – автор, уредник, ко-уредник и/или автор и уредник):
Библиографија на научни и стручни статии (избрани поважни библиографски единици, до 30):
2021