Катедрата за англиски јазик и книжевност своите скромни почетоци ги бележи во 1950 година како лекторат за англиски јазик при Филозофскиот факултет во Скопје, за во 1958 година да прерасне во Отсек за англиски јазик и книжевност во рамките на Катедрата за германистика при истиот факултет и конечно, во 1960 година, да се осамостои како Катедра за англиски јазик и книжевност. На првиот упис во 1958 година на студиите по англиски јазик и книжевност се запишале 60 студенти, што укажува на податокот дека уште на самите почетоци постоел огромен интерес за ваквите студии во Македонија. За прв шеф на Катедрата е избрана вон. проф. Мира Шуњиќ, а веднаш по неа доајенот на македонската англистика, вишиот предавач Даринка Арсова. Интересен е податокот дека таа, заедно со Џејмс Лич, професор од Велика Британија, во 60-тите години ги изработила првите учебници по англиски јазик за основното образование кај нас. Во овој период а особено по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, сè почеста е соработката со странски колеџи и универзитети, особено со помош на фондациите „Форд” и „Фулбрајт” од САД и Британскиот совет, па така голем број предавачи-гости и професори престојувале на Катедрата со што придонеле во создавањето на толку неопходниот наставен кадар за понатамошното постоење и работење на Катедрата. Како куриозитет вреди да се спомене дека првиот предавач-гостин на Катедрата бил никој друг туку познатиот американски романсиер Сол Белоу кој во пролетта 1960 година одржал низа предавања за студентите и членовите на Катедрата.
Во текот на 60-тите Катедрата се здобила со извонреден млад кадар како што се Иванка Ковилоска-Попоска, Владимир Цветковски, Велко Силјаноски, Лидија Арсова-Николиќ, Љубица Тодорова-Јанешлиева и Александрина Нанова-Илиева, кои заедно со тандемот британски лектори Греам и Маргарет-Пеги Рид ги поставија темелите на едни современи студии по англиски јазик и книжевност и ги подигнаа на извонредно високо ниво, гледано не само според нивото на центрите во поранешна Југославија, туку и пошироко на Балканот. Во почетокот на 70-тите години на Катедрата и се приклучува и професорот Светозар Бркиќ, еминентен англист и извонреден познавач на англиската литература кој претходно предавал на универзитетите во Белград и Нови Сад. Тој со своето огромно знаење, искуство и извонреден педагошки пристап делуваше инспиративно кај помладите колеги и студенти, со што уште повеќе го крена стручното и научното ниво на Катедрата. Веднаш потоа на Катедрата и се приклучува и Олга Мишеска-Томиќ која претходната година стана прв доктор од областа на англиската лингвистика на Скопскиот универзитет. Заедно со одличниот лекторски состав во кој покрај бројните странски лектори се наоѓаа и Милка Калајџиска, Мирка Мишиќ, Патриша Марш-Стефановска, Илинка Грубовиќ, Хариклија Трендафиловска и други, како и со новиот асистентски кадар меѓу кои беа Виолета Миленковска-Христовска, Љупчо Стефановски и Горан Стефановски, Катедрата за англиски јазик и книжевност се екипирше како со квантитет, така и со квалитет за да ја прошири својата наставно-научна дејност и да понуди дополнителни студиуми од областа на британските културолошки студии и американистиката. Во текот на 70-тите и почетокот на 80-тите години Катедрата веќе станува не само значаен наставен и научен центар туку и академска средина во која постојано пократко или подолго прстојуваат познати странски универзитетски професори и литературни творци. Истовремено библиотечниот фонд на Катедрата ја надмина бројката од 15.000 единици и преку 16 наслови на странски стручни и научни списанија.
Во текот на 80-тите на Катедрата и се случи уште еден нов прилив квалитетни асистентски и лекторски кадри меѓу кои Марија Јанева, Зозе Мургоски, Зоран Анчевски, Екатерина Бабамова, Рајна Кошка-Хот, Натка Гогова, Евица Конечни, Виолета Свонсон, Марија Маџар и други. Со таков потенцијал Катедрата уште повеќе ја прошири својата наставна дејност со орагнизирање посебна настава по англиски јазик и книжевност како втор главен предмет за студенти од другите катедри на Филолошкиот факултет, а се здобива и со матичност во наставата по англиски јазик за специјални намени на универзитетот „Кирил и Методиј”, за што оформи и посебен отсек со виши предавачи, предавачи и лектори меѓу кои беа Пандора Димовска, Фросина Корнети, Даница Цветановска, Билјана Грујовска-Трајковска, Миланка Силјаноска, Љиљана Калиниќ-Ордев и др.
Во текот на 90-те се продлабочува соработката со Британскиот совет и Американскиот информативен центар, како и со бројни странски универзитети, како што се Оксфорд, Единбург, Глазгов, Стратфорд, Белград, Софија и др. Во истиот период Катедрата се здобива со уште еден бран квалитетни кадри: Драги Михајловски, Елени Бужаровска, Емилија Георгиевска, Терезина Андонова, Љупчо Спасовски, Јованка Лазаревска-Станчевска, Татјана Панова-Игњатовиќ, Соња Витанова-Стрезова, Анжела Николовска и Анастазија Киркова-Наскова. Во овој период се воведуваат за прв пат и постдипломски студии од областа на англиската лингвистика и книжевност.
Новиот милениум донесе и нови предизвици. Бројот на запишани студенти на Катедра се зголеми на околу 1.200 студенти на сите четири студиски години. Во исто време се спроведуваа и темелни реформи според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), што произлезе од прифаќањето на Болоњската конвенција за високото образование во Европа. Во овој период Катедрата се стекна со подмладен лекторски кадар како Билјана Наумовска-Саракинска, Елена Ончевска Агер, Румена Бужаровска, Мира Беќар, кои заедно со поискусните колеги и колешки не само што го одржуваат и надградуваат високото наставно реноме на Катедрата туку и го надградуваат со нови, атрактивни студиски програми. На крајот на првата деценија од новиот милениум, Катедрата се подмлади со нов асистентски и лекторски кадар како што се Калина Малеска, Наташа Стојановска-Илиевска, Зорица Трајкова, Милан Дамјаноски и Анета Наумоска.
Во текот на своето повеќедецениско постоење Катедрата за англиски јазик и книжевност, не само што понуди ретко успешни и атрактивни студии, туку успеа од своите клупи да и понуди на Република Македонија извонреден кадар не само во домени како што се образованието, науката, учебникарството, преводот и сл., туку и ретко успешни автори (драма, поезија, проза, критика, литературна теорија), раководители на проекти, претседатели или членови на управни одбори на врвни културни манифестации, култни музичари и влијателни општественици. Голем број членови на Катедрата за својата наставно-научна и креативна работа се наградувани со разни награди, ордени и признанија како во земјата, така и во странство. Мнозина од нив се вистински пионери и во промовирањето на македонскиот јазик, литература и култура во странски академски средини, било во својство на лектори, визитинг професори, или како корисници на бројни стипендии и грантови од врвни светски универзитети. Катедрата е членка на следните меѓународни здруженија: ESSE (European Society for the Study of English) и MALA (Macedonian Applied linguistics Association)
Во состав на Катедрата за англиски јазик и книжевност функционира библиотеката со библиотечен фонд од над 27.000 книги. под раководство на библиотекарот Марија Цветковска. Во моментот е започнат процесот на дигитализација, т.е. електронски попис на библиотечниот фонд според програмата COBISS со што библиотеката се приклучува кон системот на библиотечно водење на Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски.
Конференции:
– 1998 – МАЛА – I меѓународен конгрес на применета лингвистика на Македонија „Јазикот и општеството на прагот на XXI век”, 8-10 мај 1998г.
– 2008 – 50th Anniversary of the Department of English Language and Literature International Conference – “English Studies in a European/Global Context: Current Issues, Future Trends”, 5-6 September 2008.
– 2016 – ESIDRP – International Conference at the Department of English Language and Literature – “English Studies at the Interface of Disciplines: Research and Practice”, 11-13 March 2016.
Проекти:
– 1994 – заеднички проект на Катедрата и Британскиот совет за воведување на Британски културолошки студии кои започнуваат да функционираат во 1998
– 2001-2002 – TEMPUS проект за стручно усовршување на наставен кадар за изведување настава по преведување и толкување
– 2001-2003 – ECML: “Cultural Mediation Foreign LanguageTeaching”, multy-countryproject – “Cultural Mediation Teaching – Learning Materials”
– 2004-2007 – проект Академско писмено изразување (Writing University Project), проект на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во соработка со Британскиот совет – Скопје
– 2010-2011 – проект за отворање Американски студии – грант добиен преку Американската амбасада во Скопје
– 2011 – проект за е-библиотека предложен и воден од студенти при Катедрата за англиски јазик и книжевност – добиен од Alumni Grant Program
– 2012 – Dickens Bicentenary Event дел од меѓународниот проект Dickens 2012 во организација на Британскиот совет
Активности:
– Од 1993 постои неформална театарска работилница со студентите од Катедрата којашто досега има изведено повеќе од дваесет сценски проекти, а за еден од нив, на Републичкиот фестивал на аматерска драма ДАФ Кочани 2010 им беше врачена специјална награда
– „Отстапка“ – јавни трибини и дискусии организирани од страна на членовите на Катедрата со студентите и со познати личности од културата, а во врска со прашања што ги засегаат студентите
Кликнете за да ја преземете студиската програма.
Кликнете за да ја преземете студиската програма.
Кликнете за да ја преземете студиската програма.
Кликнете за да ја преземете студиската програма.
Кликнете за да ја преземете студиската програма.
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР
ПРОДЕКАН, РЕДОВЕН ПРОФЕСОР
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР
ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР
ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР
ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР
ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР
ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР
ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР
ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР
ЛЕКТОР
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР
РЕДОВЕН ПРОФЕСОР
Работно време:
понеделник до петок од 07.30-15.30
пауза : 10.00-10.30
Библиотекар:
Марија Цветковска
Тел.: (02) 3240-487, локал 487