прв циклус студии:
втор циклус студии:
трет циклус студии:
EMAIL: e.popovska@flf.ukim.edu.mk
Образование:
Дипломирала на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет на УКИМ, стекнувајќи се со дипломата професор по француски јазик и книжевност и дипломиран филолог преведувач по француски јазик. Магистрирала на тема Феноменот на патувањето кај Маргерит Јурсенар – литературна транспозиција на искуството од Ориентот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, каде што и докторирала на тема од областа на француската книжевност (Одметничка автобиографија: принципот на автофикција во современата француска персонална проза), по што се стекнува со звањето доктор по филолошки науки.
Работно искуство:
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ работи од 1994 година, најпрво како помлад асистент, а потоа и како асистент, доцент, вонреден и редовен професор. Изведува настава на предметите од областа на француската и на франкофонските книжевности и од областа на француската и на франкофонските култури на Катедрата за романски јазици и книжевности, на Катедрата за преведување и толкување и на Катедрата за применети странски јазици. Во својство на поканет професор, држела настава на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола (2006 – 2009) и на Департманот за француски јазик и литература при Филозофскиот факултет во Ниш, Србија (2015 – 2017). Извршувала повеќе одговорни функции: раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (2011 – 2013); претседател на Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија (2015 – 2017); раководител на Колегиумот за втор циклус студии по наука за книжевноста и културолошки студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (2019 – 2021); актуелен претседател на Уредувачкиот одбор на меѓународното научно списание Современа филологија.
Учество во научни проекти и научни конференции:
Учествувала во повеќе проекти, меѓу кои: меѓународни – Романистиката и словенските јазици, литератури и култури во контакт и во дисконтакт (во партнерство со универзитети од Србија, Босна и Херцеговина, Франција и Полска), Методологии и иновациски практики во дидактиката по француски јазик како странски јазик (во соработка со универзитетите од Романија и од Ерменија), Dialogue d’expertise (проект на Францускиот институт од Париз и на Универзитетската агенција за франкофонија, за динамизирање на изучувањето на францускиот јазик во универзитетски рамки); национални – Книжевници – наставници на Филолошкиот факултет и Книжевни преведувачи на филолошкиот факултет (Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ), Поимник на книжевната теорија 1 и 2 (МАНУ). Учествувала со свои прилози на многубројни меѓународни конференции, меѓу кои: 2022 – “Les langues, les littératures et les cultures françaises et slaves en contact et en divergence”, во организација на Филолошкиот факултет од Универзитетот во Вроцлав, Полска; 2017 – “Création et Réalité d’Expression Française et Francophone” во организација на Здружението на француските и франкофонски професори на Америка (SPFFA), која се одржа на Универзитетот во Њујорк, САД; 2016 – XIV светски конгрес на професорите по француски јазик „Français, langue ardente“ во Лиеж, Белгија; 2013 – Меѓународен симпозиум за француски и за франкофонски студии на 20 и на 21 век, „Траги, фрагменти, остатоци“, во организација на Ivan Allen College of Liberal Arts of the Georgia Institute of Technology, Атланта, САД. Членува во Меѓународното здружение за проучување на делото на Маргерит Јурсенар (Société Internationale des Études Yourcenariennes – SIEY) и во истражувачката екипа „Автобиографија и преписки“ при Националниот центар за научни истражувања на Франција (“Autobiographie et Correspondances”) – ITEM/CNRS. Одликувана е со орденот Витез од редот на академските палми, од страна на Република Франција.
Книги (научни):
Книги (преводи):
Научни и стручни статии (избор):
Линкови:
http://cmc.info.yorku.ca/files/2015/11/BULLETIN-Nov08.pdf
https://journals.indexcopernicus.com/api/file/viewByFileId/1413036
https://casopisi.junis.ni.ac.rs/index.php/FULingLit/article/view/5427
https://www.philologiamediana.com/index.php/phm/article/view/331
https://www.klincksieck.com/livre/9782252046685/revue-de-litterature-comparee-n32022
https://www.philologiamediana.com/index.php/phm/article/view/900