прв циклус студии:

  • Современ француски јазик 1 и Француски јазик (Б)1

  • Современ француски јазик 2 и Француски јазик (Б)2

  • Современ француски јазик 3 и Француски јазик (Б)3

  • Современ француски јазик 4 Француски јазик (Б)4

  • Француски јазик (В)1

  • Француски јазик (В) 2

  • Толкување од француски јазик (В) на македонски јазик 3

  • Подготовка за преведување и толкување-Француски јазик

Милена Касапоска-Чадловска дипломирала во 2005 година на Катедрата за француски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистерската теза, на тема: „Конструкциите со партицип на презент во францускиот јазик и нивните еквиваленти во македонскиот јазик“, ја одбранила во 2010 година на истиот факултет. Во 2016 година, по одбраната на докторската дисертација со наслов „Атрибутивните конструкции во францускиот јазик и нивните еквиваленти во македонскиот јазик“ се стекнала со научен степен доктор на филолошки науки. Професионалната кариера ја започнала во 2005 година, кога е ангажирана како лектор по француски јазик на Интердисциплинарните студии по јавна администрација при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Во 2007 година засновала редовен работен на истиот универзитет, на којшто до 2021 година предавала стручен француски јазик на неколку универзитетски единици (Правен факултет, Факултет за туризам и угостителство, Биотехнички факултет, Факултет, Факултет за информациски и комуникациски технологии). Истовремено, во повеќе наврати била ангажирана како надворешен соработник на Катедрата за романски јазици и на Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, за предметите: Граматика на францускиот јазик 5 – Синтакса 1, Граматика на францускиот јазик 6–Синтакса 2, Граматика на францускиот јазик 3 – Фонетика и фонологија, Корективна фонетика на францускиот јазик, Француски јазик како изборен предмет, Симултано толкување од француски на македонски и од македонски на француски јазик, Консекутивно толкување од француски на македонски и од македонски на француски јазик. Во 2021 година се вработила како лектор по француски јазик на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Касапоска-Чадловска се јавува како раководител и учесник на повеќе домашни и меѓународни научни проекти (Електронска база на усни продукции од македонски изучувачи на францускиот јазик; Синергија во билингвалното образование; Француски јазик без граници, Проект за превод на стручни трудови на македонски јазик и др.). Следела голем број стручни обуки во земјата и во странство, учествувала во бројни работилници, а реализирала и обуки на следните теми: Медијацијата на часот по француски јазик; Француски јазик во областа на човековите права; Француски јазик за правници, Граматиката на францускиот како странски јазик од комуникативен аспект; Зајакнување на усните јазични компетенции на изучувачите на францускиот јазик и др. Зела учество во многу домашни и меѓународни конференции, симпозиуми и стручни собири, на кои редовно се претставува со свои трудови. Во 2017-2018 година, Милена Касапоска-Чадловска била претседател на Здружението на професорите по француски јазик на Р. Македонија, во чијашто работа и денес активно учествува како член на испитни комисии за натпреварите по француски јазик за ученици од средно и основно образование. Касапоска-Чадловска е член на голем број рецензентски комисии, комисии за одбрана на дипломски трудови и редакциски одбори на меѓународни научни собири.

Библиографија на научни и стручни статии :

  1. Kuzmanoska, A., Kasaposka-Chadlovska, M. (2022). La médiation: un nouveau défi dans l’enseignement du FLE, Зборник трудови од Меѓународен симпозиум « Les études françaises aujourd’hui », Филолошки факултет, Белград, Република Србија (во печат).
  2. Kasaposka-Chadlovska, M. (2021). Les collocations dans les manuels de français juridique, Зборник трудови од меѓународниот симпозиумФилолошки промислувања во француски и франкофонски контекст“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, Р. Македонија (во печат).
  3. Касапоска-Чадловска, М. (2021). Јазична анализа на францускиот препев на „Болен Дојчин“ од Блаже Конески“, Зборник трудови од XLVIII Mеѓународна научна конференција на LIV летна школа на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, Р. Македонија: 173-186.
  4. Касапоска-Чадловска, Нешковска, С., Ивановска, Л. (2021). Анализа на англискиот и на францускиот препев на „Стерна“ од Блаже Конески, Зборник трудови од Меѓународна тркалезна маса „Делото на Конески – постојан извор на истражувања во Науката за јазикот, литературата и културата“, Педагошки факултет, Битола, Македонско научно друштво, Битола, Р. Македонија.
  5. Касапоска-Чадловска, М. (2020). Некои француски конструкции со незадолжителен атрибут на директен објект и нивните македонски еквиваленти, Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувањаПалимпсест“, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Р. Македонија, 5 (9): 29-40.
  6. Ivanovska, L. Kasaposka-Chadlovska, M. Neshkovska, S. (2020). Online Foreign Language Teaching, IAI, Academic Conference Proceedings : 57-67.
  7. Kasaposka-Chadlovska, M. (2020). Teaching grammar in French as a Foreign Language-Classes in Macedonian schools, Меѓународно научно списание „Учител“, Педагошки факултет, Битола, Р. Македонија, 10 (19) : 5-16.
  8. Neshkovska, S., Ivanovska, L., Kasaposka-Chadlovska, M. (2020). The experience of Macedonian foreign language teachers with gifted students, Зборник трудови од втората меѓународна научна конференција „Надарените и талентираните креатори на прогресот“, Педагошки факултет, Битола, Р. Македонија.
  9. Касапоска-Чадловска, М. (2020). Граматиката во учебниците по француски јазик за средно образование, Зборник трудови од Петта меѓународна научна конференција „Филко: филологија, култура и образование“, Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, Р. Македонија: 123-131.
  10. Kasaposka-Chadlovska, M., Milevska-Kulevska, M. (2020). La grammaire dans les manuels de FLE utilisés dans l’enseignement primaire en Macédoine, Зборник трудови од Трет меѓународен симпозиум: « Les études françaises aujourd’hui: Écrire le monde d’hier et d’aujourd’hui en français» , Катедра за романски студии, Филозофски факултет, Нови Сад, Република Србија.
  11. Kasaposka-Chadlovska, M. (2018). Attribut de l’objet ou épithète ? (Comparaison entre le français et le macédonien), Зборник трудови од Меѓународен симпозиум „Истото, сличното и различното во јазикот, во книжевноста и во културата во франкофонските“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, Р. Македонија: 210-220.
  12. Касапоска-Чадловска, М. (2017). Атрибутот во францускиот јазик и неговите еквиваленти во македонскиот јазик: метајазични сличности и разлики, Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувањаПалимпсест“, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Р. Македонија, 2 (3) : 41-51.
  13. Касапоска-Чадловска, М. (2016). Auxiliary subject complement constructions in French Language and their equivalents in the Macedonian Language, Меѓународното научно списаниеХоризонти 2“, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола, Р. Македонија: 263-273.
  14. Касапоска-Чадловска, М. (2016). Атрибутивните конструкции во францускиот јазик и нивните еквиваленти во македонскиот јазик (докторска дисертација),  Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Р. Македонија.
  15. Касапоска-Чадловска, М. (2016) Француските атрибутивни конструкции со глаголи кои означуваат мисловен процес и нивните еквиваленти во македонскиот јазик, Литературен збор, Скопје, Р. Македонија, 4 (6) : 63-77.
  16. Касапоска-Чадловска, М. (2016). Конструкции со атрибутивни глаголи во францускиот јазик и нивните еквиваленти во македонскиот јазик, Зборник трудови од Прва научна конференција „Филко: филологија, култура и образование“, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Р. Македонија, (1) : 365-375.
  17. Kasaposka-Cadlovska, М. (2014). Attribute in French and Macedonian Language, FLTAL14 Зборник трудови од Четврта меѓународна конференција за странски јазици и применета лингвистика, Меѓународен универзитет „Burch“, Сараево, Босна и Херцеговина: 1354-1359.
  18. Kasaposka-Chadlovska, M. (2014). Subject attribute in the French language and its equivalents in the Macedonian language, Меѓународно научно списание „Хоризонти“, Универзитет „Св. Климент Охридски”, Битола, Р. Македонија, 15 (10): 141-148.
  19. Kasaposka-Cadlovska, М. (2013). Les ressources électroniques pour le FOS, Зборник трудови од симпозиумот „Електронските ресурси и филолошките студии“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, Р. Македонија: 408-420 .
  20. Касапоска Чадловска, М. (2013). Искуства од наставата по француски јазик на дел од факултетите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Зборник трудови од Научен собир „Францускиот јазик и литература во образовниот систем во Република Македонија: состојби и перспективи“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, Р. Македонија: 149-158.
  21. Касапоска-Чадловска, М. (2012). Некои преводни еквиваленти на партиципот на презент од француски на македонски јазик, Зборник трудови од Меѓународен симпозиум „Францускиот јазик, книжевност и култура во франкофонски контекст“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, Р. Македонија: 110-119.
  22. Касапоска-Чадловска, М. (2012). Францускиот партицип на презент во апсолутни конструкции и неговите еквиваленти во македонскиот јазик“, Меѓународно научно списание „Хоризонти“, Универзитет „Св. Климент Охридски”, Битола, Р. Македонија: 149-156.
  23. Касапоска-Чадловска, М. (2011). Компетенции на предавачите по француски јазик во струка, Зборник трудови од Научно-стручен собир „Образованието во 21-от век“, Македонско научно друштво, Битола, Р. Македонија.
  24. Касапоска-Чадловска, М. (2011). Придавските функции на партиципот на презент во францускиот јазик и нивните еквиваленти во македонскиот јазик, Меѓународно научно списание „Хоризонти II“, Универзитет „Св. Климент Охридски”, Битола, Р. Македонија: 695-704.
  25. Касапоска-Чадловска, М. (2010). Формите на партиципот на презент во францускиот јазик и неговите еквиваленти во македонскиот јазик, (магистерски труд), Филолошки факултет „Блаже Конески”, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Р. Македонија.