Бр. 08-877/4
26.9.2023 година
Скопје
Врз основа на членовите 14 и 15 од Статутот на Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 08-348 од 21.4.2011 година, Одборот на Фондацијата распишува
КОНКУРС
за доделување стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“ при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Фондацијата „Константин Стојанов“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува стипендии за студенти:
– пријава од кандидатот со назнака дека се работи за Конкурс за доделување стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов“;
– биографија (CV).
Документите се поднесуваат електронски на следнава е-адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk
Фондација „Константин Стојанов“ при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „КОНСТАНТИН СТОЈАНОВ“
ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК
НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ – СКОПЈЕ
ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
Ве известуваме дека Фондацијата „Константин Стојанов“ при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува стипендии за
студенти по француски јазик на прв, втор и трет циклус студии на
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Подетални информации во врска со висината на стипендијата и
условите за конкурирање се објавуваат во Конкурсот што го распишува
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.