Факултетско студентско собрание

Одлука за избор на студенти преставници во Наставно-научен совет на ФЛФ (3.3.2023)
 
Избори за претседател и членови на ФСС – 24.1.2023 од 11:00 до 15:00 ч.

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека во тек е пријавувањето на кандидати за претседател и за членови на новото Факултетско студентско собрание.

Заинтересираните кандидати за претседател и за членови во Факултетското собрание се пријавуваат сами, со поднесување на пријава во Архивата на Факултетот или со испраќање на потпишаната пријава на електронската адреса arhiva@flf.ukim.edu.mk, најдоцна до 21 април 2022 година (четврток).

Право да се кандидира има секој студент на Факултетот, кој е запишан на студии во учебната 2021/2022 година.

Мандатот, односно правото да се биде студентски претставник е ограничен на една година со можност за повторен реизбор.

За претседател на Факултетското студентско собрание може да биде избран редовен студент на Факултетот, кој ги положил сите испити заклучно со третиот семестар.

Одлуката за распишување на изборите и обрасците за пријава се објавени во продолжение на известувањето.

Ве поттикнуваме да се пријавите и да земете активно учество во ова тело, чија примарна цел е да ги претставува студентите во рамките на високото образование и да се застапува за нивните права и интереси преку учество во органите и телата на Факултетот.

Ве очекуваме!

Срдечно,

Деканат на Филолошкиот факултет