Конференции | Научни собири

Протоѕвезда

 
📢 Драги студенти, со задоволство Ве известуваме дека повикот за креативно пишување ,,Протоѕвезда”  е продолжен до 15 март (петок)!
✨ Можете да испратите до две прозни дела. Тие можат да бидат фикција и нефикција (со ограничување до 1000 зборови)
✨Можете да испратите до две песни. Едно поетско дело не треба да надминува две страници. 
📍Испратете ги вашите креативни дела на kakosimi.flf@gmail.com до 15 март. 
 Сè што ќе биде испратено ќе биде објавено на официјалната страница на „Како си ми?“, а редакцискиот одбор ќе одбере и неколку најдобри текстови кои ќе можат да бидат презентирани и во живо, на 17 април. 🤗

Kонкурс за Протоѕвезда

 

Драги студенти,

 

Со радост ви соопштуваме дека студентската конференција „Како си ми?“ по втор пат го распишува конкурсот за креативно пишување, „Протоѕвезда“! 🥳📜
Целта на овој настан е да ја разгориме креативноста во вас, да вдахнеме повеќе  живот во академскиот свет и да создадеме простор каде сите студенти ќе можат слободно да ги споделат своите поетски, прозни или критички текстови. 🖋️

✨Темите и стилот се слободни.
 ✨Може да учествуваат сите студенти од сите факултети.
✨Прозните дела можат да бидат фикција и нефикција (со ограничување до 1000 зборови)
✨Едно поетско дело не треба да надминува две страници

📍Испратете ги вашите креативни дела на kakosimi.flf@gmail.com до 10-ти март до полноќ! 🌌Сè што ќе биде испратено ќе биде објавено на официјалната страница на „Како си ми?“, а редакцискиот одбор ќе одбере и неколку најдобри текстови кои ќе можат да бидат презентирани и во живо, на 17-ти април.
Тука сме за сите прашања!

АГЕНДА

за годишна конференција на трет циклус студии

Датум на одржување: 5.12.2023 година (вторник) во Сала за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје

Член од Стручен совет за докторски студии: проф. др Александра Саржоска

 

 

Драги студенти,
Студентската конференција „Како си ми?“ оваа година организира и конкурс за креативно
пишување!
Целта е да создадеме простор каде студентите ќе можат слободно да ги споделат своите
поетски, прозни и критички текстови.
Сè што ќе биде испратено ќе биде објавено на официјалната страница на „Како си ми?“, а
редакцискиот одбор ќе одбере и неколку најдобри текстови чии автори ќе имаат можност јавно
да ги претстават своите дела на 14-ти октомври во кафе-книжарница Буква.
Примаме прозни, фиктивни и критички текстови (со ограничување од максимум 1000 зборови)
и поезија (со ограничување на 2 страници од песна).
Творбите можете да ги испратите до наведениот мејл: kakosimi.flf@gmail.com.
Рокот за испраќање е 5-ти октомври до полноќ.
Темите и стилот се слободни, а може да учествуваат сите студенти од сите факултети.
Тука сме за сите прашања и ги очекуваме вашите дела!

konkurs ig

„Како си ми?“
деветта студентска филолошка конференција
Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
30.09. 2023; сала за седници
(со физичко присуство) и онлајн (преку Зум)

 

11:00 – 12:00
Отворање на конференцијата и промоција на седмиот зборник:
„Како си ми?“: проф. д-р Владимир Мартиновски и проф. д-р Анета
Дучевска
12:00 – 13:15 – Прва сесија излагања и дискусии
1. Андреј Стојановски
„Дали постои македонска книжевна теорија?“
2. Радица Стојановска
„Другото лице на војната и историјата
во Војната нема лице од Светлана Алексевич“
3. Катерина Котеска
,Абјектните елементи во расказот
,,Преобразба” од Франц Кафка“
4. Елена Карпузовска
,,Елегија за егзистенцијалната тежест:
Облиците на лирска наративизација
на искуството на прогонството во ,,Ex Ponto” од Иво Андриќ

13:15-13:30 – Пауза
13:30-14:30 – Втора сесија излагања и дискусии
5. Максим Јордански
„Интеркултурната комуникација во серијата Бубалици“*
6. Викторија Илиовска
,,Релевантноста и умешноста на измислените јазици на Толкин”*
7. Никола Ристевски
„Логичник за родот”
14:30-15:00 – Пауза за ручек
15:00-16:00 – Трета сесија излагања и дискусии
8. Борис Симоновски
Филмот ,,Платформата” како дистопија
и општествена алегорија”
9. Ивана Цветанова
„Постколонијални елементи во
,,Песната на мразот и оганот” од Џ. Р. Р. Мартин“*
10. Ботонд Калман
„Иновација во високо образование –
Што можеме да научиме од корпоративниот сектор?”*
16:00-16:30
Затворање на конференцијата и доделување потврди за учество.
*Предавањето е на англиски јазик.