Уверение за познавање на јазик

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје врши проверка на знаењето на македонскиот, албанскиот, турскиот, англискиот, германскиот, италијанскиот, францускиот, словенечкиот, хрватскиот, шпанскиот и на други јазици.

цетис мак - јазици
уверение за јазик

Постојат два вида на проверка на знаењето...

Проверката на знаењето за уверение за познавање на македонскиот јазик (без наведено рамниште) и за уверение за познавање странски јазик (без наведено рамниште) се изведува преку устен испит. 


Износот за изведување на оваа проверка е 2.200 денари. Пример на уплатница ТУКА

Напомена: За странските државјани заинтересирани за упис на прв циклус студии на УКИМ се бара положен тест ТЕМАК, односно сертификат за познавање на македонскиот јазик како странски. Информациии за ТЕМАК на следниот линк https://flf.ukim.mk/cetis-mak-en/

Проверката на знаењето за уверение за одредување на нивото на познавање на странскиот јазик според Заедничката европска референтна рамка за јазиците на Советот на Европа ЗЕРРЈ се изведува преку писмен и устен испит.


Износот за изведување на оваа проверка е 3.000 денари. Пример на уплатница ТУКА

Покрај износот за проверката на знаењето, кандидатите треба да достават потврда за уплата и на 50 денари административна такса. Пример на уплатница
ТУКА

Уплатата треба да ја извршите пред да се пријавите на наведениот линк, бидејќи уплатниците треба да ги прикачите на линкот. Оригинал уплатниците треба да ги доставите на професорот на денот на полагањето.

Пријавување: Заинтересираните кандидати бираат кој од понудените термини за испитување им одговара најмногу и се пријавуваат електронски најдоцна до рокот предвиден за пријавување за тој термин (пријавите пристигнати по овој рок за пријавување ќе важат за следниот термин за испитување, в. табела долу).

 

ТЕРМИНИ ВО АПРИЛ

ПРИЈАВУВАЊЕ  ПОЛАГАЊЕ
 
31.03                          02.04
03.04                          05.04
07.04                          09.04
10.04                          12.04
14.04                          16.04
17.04                          19.04
21.04                          23.04
24.04                          26.04 
28.04                          30.04
 
ТЕРМИНИ ВО МАЈ 
ПРИЈАВУВАЊЕ   ПОЛАГАЊЕ
 
05.05                          07.05
08.05                          10.05
12.05                          14.05
15.05                          17.05
19.05                          21.05
26.05                          28.05
29.05                          30.05

Пријавувањето се врши со мејл на gmail.com и со пополнување на пријавата на следниот ЛИНК:

На денот на полагањето кандидатите задолжително со себе треба да носат документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Уверението за извршената проверка се издава во рок од два работни дена по испитувањето, а се подига во Архивата на Факултетот од 14 до 15 часот.

Кандидатите кои не го положиле тестот или не го освоиле нивото кое им е потребно за учество на конкурс и слично, можат повторно да го полагаат тестот по изминати 4 месеци.