Република Северна Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија  и Република Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUSIII- Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат како партнери во вкупно 108 мрежи од различни области. Во рамки на овие мрежи студентите од прв, втор и трет циклус и професорите имаат можност да аплицираат за стипендии за студиски престој надвор од Република Северна Македонија. Во CEEPUS мрежите вклучени се и Универзитети од гореспоменатите земји.

Програмата има за цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање на заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree).

За академската 2023/2024 година вклучени се следниве високообразовни институции од Република Северна Македонија:

1.Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј’’- Скопје преку следниве факултети:

              –  Филолошки факултет  „Блаже Конески“

               – Медицински факултет;

              – Факултет за ветеринарна медицина;

              – Машински факултет;

              – Природно – математички факултет

              – Факултет за земјоделски науки и храна;

              -Правен факултет „Јустинијан Први„

             – Економски факултет;

             – Фармацевски факултет,

             – Технолошко-металуршки факултет,

             – Факултет за електротехника и информациски технологии;

             – Филозофски факултет;

             – Градежен факултет

            –  Факултет за ликовни уметности;

            –  Шумарски факултет.

            – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство.

           2.Универзитетот ,,Св.Климент Охридски’’ – Битола преку следниве   

              факултети:

            -Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола,

             -Правен факултет – Кичево

             -Факултет за туризам и угостителство- Охрид,

             -Технички факултет – Битола,

            – Технолошко-технички факултет – Велес.,

            – Економски факултет- Прилеп.

            – Факултет за биотехнички науки-Битола,

           – Факултет за безбедност-Скопје.

3. Универзитет „Гоце Делчев’’ – Штип преку следниве факултети:

             -Земјоделски факултет,

             -Факултет за информатика,

              – Технолошко-технички факултет- Пробиштип

             

            4.Државен Универзитет во Тетово- Тетово преку следниве факултети:

            – Факултет за медицински науки,

            -Економски факултет,

            -Факултет за природно-математички науки,

            – Филозофски факултет,

            -Факултет за физичка култура,

            – Факултет за прехранбена технологија и исхрана.     

            5. Универзитет за информатички науки и технологии  „Св Апостол Павле“ – Охрид

             -Факултет за информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска         техника

          6. Универзитет „Мајка Тереза“- Скопје

              – Факултет за технички науки,

              – Факултет за градежништво и архитектура,

             – Факултет за информатички науки,

              -Факултет за технолошки науки.

 

           7.Американ Колеџ- Скопје

               – Факултет за странски јазици,

              – Факултет за политички науки.

            Единствен начин е online аплицирање на www.ceepus.info

Крајниот рок за аплицирање за зимскиот семестар во академската 2023/2024 година е 15 јуни 2023 година,  а за летниот семестар во академската 2023/2024 година е 31 октомври 2023 година.

 

За подетални информации обратете се во Националната CEEPUS канцеларија при Министерството за образование и наука, на контакт телефон  02/ 3140185  или e-mail: scholarships@mon.gov.mk

 

https://mon.gov.mk/content/?id=6165

Full Prof. Biljana Mirchevska-Bosheva

Department for Slavistics 
Faculty of Philology “Blaze Koneski”
Sts. Cyril and Methodius University – Skopje