12 МАКЕДОНСКО-СЕВЕРНОАМЕРИКАНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МАКЕДОНИСТИКА

12th MACEDONIAN-NORTH AMERICAN
CONFERENCE ON MACEDONIAN STUDIES

11-13 септември 2025,
Конгресен центар, Охрид
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

 

12. македонско-северноамериканска конференција за македонистика ќе се одржи во Охрид од 11 до 13 септември 2025 година. Домаќин на конференцијата е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје. Со оваа дванаесетта конференција се продолжува долгогодишната традиција на назименично одржување секои три години, во Македонија и во Северна Америка, започната уште од првата конференција одржана во Ен Арбор, САД во 1991 г. Целта на конференцијата е продолжување и продлабочување на повеќедецениската соработка меѓу научниците и истражувачите од различни дисциплини од областа на македонистиката, од двете страни.

Повик за учество

 

Ве покануваме за учество и претставување на своите истражувања поврзани со широк спектар на теми од областа на македонистиката: македонски јазик, лингвистика, литература, културолошки студии, фолклор, уметност, етнологија,
историја, антропологија, социологија…

Пријавување и испраќање апстракти

 

Сите заинтересирани за учество треба да се пријават и да достават наслов на рефератот и апстракт најдоцна до 15 февруари 2025 г., на електронската адреса на конференцијата: mnacms2025@gmail.com

Формат на апстрактите:

Апстрактот треба да има најмногу 300 збора, да биде најмногу до една страница и да содржи три библиографски единици од научната литература што ќе ги обработува предложениот реферат. Апстрактот треба да се испрати во PDF-формат, со (скратен) наслов како име на документот и не треба да ги содржи личните податоци на авторот. По разгледување на апстрактите, меѓународниот одбор на конференцијата, ќе ве извести за прифаќање на рефератот, најдоцна до 15 март 2025 година.

 

Работни јазици на конференцијата: македонски и англиски.

Важни датуми

 

Рок за испраќање на пријавите и апстрактите: 15 февруари 2025 г.
Рок за известување за прифатените теми:     15 март 2025 г.

Сместување и екскурзија

 

Учесниците од Северна Америка ќе бидат сместени во Конгресниот центар во Охрид. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе ги покрие трошоците за нивно сместување. Патот и сместувањето на домашните учесници се на сопствен трошок. Домаќинот на конференцијата ќе обезбеди и факултативна екскурзија за сите учесници на конференцијата.

 

Со задоволство го очекуваме вашето учество.

Меѓународен организациски одбор:

 

проф. д-р Владимир Мартиновски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
проф. д-р Марјан Марковиќ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ -координатор од македонска страна
проф. д-р Кристина Крамер, Универзитет Торонто
проф. д-р Кит Браун, Државен универзитет Аризона
проф. д-р Елена Петроска, Државен универзитет Монтана, Билингс – координатород северноамериканска страна

Контакт

За дополнителни информации можете да нѐ контактирате на адресата на конференцијата : mnacms2025@gmail.com

12th MACEDONIAN-NORTH AMERICAN CONFERENCE

ON MACEDONIAN STUDIES

September 11–13, 2025
Ohrid, North Macedonia
University Ss. Cyril and Methodius (UKIM)

 

We are pleased to announce that the 12th Macedonian-North American Conference on Macedonian Studies (MNACMS) will take place in Ohrid, North Macedonia, from September 11–13, 2025. This conference has been held every three years since
its inception in 1991 in Ann Arbor, Michigan, alternating between North America and Macedonia. It has been a longstanding tradition since the independence of Macedonia, continuing to promote collaboration between scholars from both regions.

Call for Papers

 

We invite proposals on a wide range of topics related to Macedonian studies, including: Language and Linguistics, Literature, Cultural Studies, Folklore, Art, History, Anthropology, Sociology, Politics.

Submission of abstracts

 

Interested individuals should submit abstracts as email attachments at the followingaddress: mnacms2025@gmail.com.

 

Guidelines for abstracts:

 

  • should be up 300 words (must fit on one page)
  • should contain: paper title and at least three relevant citations from scholarly literature
  • must be in PDF format, with the (shortened) paper title as the file name

To ensure a blind review process, do not include any identifying information in the abstract or file name.

 

Working Languages of the Conference: English and Macedonian .

 

 

Important Dates

 

Submission Deadline: February 15, 2025
Notification of Acceptance: March 15, 2025

Accommodation and Optional Excursion

 

Participants from North America will be accommodated at the Congress Center in Ohrid. The University Ss. Cyril and Methodius will cover accommodation costs for ten North American participants. An optional excursion will also be offered.

We look forward to your contributions and to welcoming you to Ohrid!

 

International Organizing Committee:

 

  • Prof. Dr. Vladimir Martinovski (UKIM)
  •  Prof. Dr. Marjan Markovikj (UKIM)
  •  Prof. Dr. Stanislava-Stasha Tofoska, Macedonian Coordinator (UKIM)
  • Prof. Dr. Christina Kramer (University of Toronto)
  •  Prof. Dr. Keith Brown (Arizona State University)
  • Prof. Dr. Elena Petroska, North American Coordinator (Montana State University Billings)