Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме да го следите Меѓународниот научен собир „100 години Блаже Конески и 75 години Филолошки факултет“ кој ќе се одржи онлајн преку платформата „Зум“ на 13 и 14 декември 2021 г.
Научниот собир има за цел да придонесе во тековната дебата за улогата на Конески во проучувањата на јазикот, книжевноста и преводот, како и во дискусиите за перспективите на македонистиката и филолошките науки, воопшто.
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Филолошки факултет „Блаже Конески“
Меѓународен научен собир „100 години Блаже Конески и 75 години Филолошки факултет“
12:15 ч. | Прва сесија (модератор: Искра Пановска-Димкова)
1. Јан Соколовски: „Зборообразувањето во Граматиката на Блаже Конески и проектот на полско-македонска зборообразувачка кoнфронтација“ 2. Грејс Филдери, Елена Петроска: „Улогата на Конески во проучувањата на македонскиот јазик во Бугарија“ 3. Димитар Пандев, Марија Пандева: „Панорамски поглед во ексцерпцијата на Конески за вториот дел од Граматиката на македонскиот литературен јазик (за формите и нивната употреба)“ 4. Искра Пановска-Димкова: „Актуелноста на фонолошките теми кај Конески“ 5. Елена Петроска, Сташа Тофоска, Бобан Карапејовски, Бојан Петревски: „За граматичките статии на Конески пред Граматиката и во неа“ 6. Татјана Гочкова-Стојановска: „Пристапот на Конески кон основните поставки во јазичното планирање и јазичната политика на македонскиот литературен јазик“ 7. Симон Саздов: „За некои поместувања на правописните принципи на македонскиот јазик“
14:15 ч. | Втора сесија (модератор: Димитар Пандев)
1. Силвана Симоска, Лидија Аризанковска: „Конески и современите развојни тенденции во македонски јазик низ призмата на германскиот и на словенечкиот јазик“ 2. Искра Тасевска: „Блаже Конески за македонскиот литературнојазичен развој“ 3. Елени Бужаровска: „Интересот на Блаже Конески за изучување на македонски текстови напишани со грчко писмо: еден непознат ракопис“ 4. Лилјана Макаријоска: „Влогот на Блаже Конески во проучувањето на апостолите од првата редакција“ 5. Марија Паунова: „Кон црковнословенскиот јазик на фреските од Македонија од Блаже Конески“ 6. Красимира Илиевска: „Л. Г. Мазинг за македонскиот јазик“
16:45 ч. | Трета сесија (модератор: Славица Велева)
1. Славица Велева: „Називите на лица во прозното творештво на Блаже Конески“ 2. Гордана Алексова: „Да-конструкциите во прозата на Конески“ 3. Христина Андоновска: „За интенцијата на глаголот во творештвото на Блаже Конески (врз примери од корпусот ГРАЛИС-МАК)“ 4. Бертон Сулејмани: „Синтаксичката функција на сврзникот ’додека‘ во македонскиот стандарден јазик и во книжевното творештво на Блаже Конески“
10:00 ч. | Четврта сесија (модератор: Ирина Бабамова)
1. Ирина Бабамова: „Придонесот на Блаже Конески за преведувањето – традуктолошки аспект“ 2. Олга Панкина: „Делата на Конески во превод на руски јазик“ 3. Лидија Танушевска, Андреј Јованчевски: „За препевите на Конески од полски јазик“ 4. Катерина Ѓурчевска, Борче Арсов: „Глаголскиот прилог во расказите ’Лозје‘ и ’Потез‘ на Блаже Конески и неговите еквиваленти во преводите на англиски јазик“ 5. Људмил Спасов, Елизабета Бандиловска: „Како се роди и како се оствари идејата за Спомен-домот ’Блаже Конески‘ во с. Небрегово“
11:30 ч. | Петта сесија (модератор: Катерина Велјановска)
1. Лилјана Митковска, Елени Бужаровска: „Збороредот во реченицата: инверзија на субјект и предикат во македонскиот и во англискиот јазик“ 2. Маргарита Велевска, Мира Трајкова: „Фраземи со соматската компонента ’main‘ (рака) во францускиот јазик и нивните еквиваленти во македонскиот јазик“ 3. Биљана Мирчевска-Бошева, Катерина Велјановска: „Лексиката во време на корона (врз материјал од македонскиот и од рускиот јазик)“ 4. Радица Никодиновска: „Македонските преводни еквиваленти на имињата на ликовите во збирката приказни Fiabeitaliane од Итало Калвино“ 5. Јасминка Делова-Силјанова: „Фраземите и нивниот превод од чешки на македонски јазик“
13:00 ч. | Шеста сесија (модератор: Соња Китановска-Кимовска)
1. Намита Субиото: „60 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана“ 2. Кристина Дуфкова: „’Наши сте или нивни?‘ Audiovizuální material jako didaktický prostředek při výuce makedonštiny jako cizího jazyka“ 3. Марина Цветаноска: „Македонистиката на странските универзитети (Истанбулски универзитет, Истанбул, Р Турција)“ 4. Соња Китановска-Кимовска: „Самооценувањето и оценувањето колега за сумативни цели кај студентите по преведување: тестирање на валидноста“ 5. Милена Саздовска-Пигуловска: „Потребата од воведување хибридно учење во наставата по преведување и странски јазици на Филолошкиот факултет“
10:00 ч. | Прва сесија (модератори: Зоран Анчевски / Венко Андоновски)
1. Елизабета Шелева:„Блаже Конески во 21 век“ 2. Февзудина Сарачевиќ: „Јас, Конески, и луѓето околу мене: вреднувањето на себеси и на другите во Кажувањата на Конески“ 3. Венко Андоновски: „Апокрифниот бог и силата во ’Одземање на силата‘ и циклусот за Марко Крале“ 4. Кристина Николовска: „Поетско-есеистичкиот ’извор‘ на Конески“ 5. Славица Србиновска, Маја Бојаџиевска: „Блаже Конески како компаратист“ 6. Ангелина Бановиќ: „Шкловски, Јакобсон и Фројд во имплицитната поетика на Блаже Конески“ 7. Весна Мојсова-Чепишевска, Иван Антоновски: „’Проста и строга македонска песна‘ како лирска биографија на Конески“
14:30 ч. | Втора сесија (модератори: Венко Андоновски / Зоран Анчевски)
1. Лидија Капушевска-Дракулевска: „Поетот пред лицето на градот (Блаже Конески и Париз)“ 2. Калина Малеска: „Книжевните истражувања на литературата на Блаже Конески“ 3. Анастасија Ѓурчинова: „Блаже Конески и италијанската литература и култура“ 4. Владимир Мартиновски: „Аспекти на хуморот: Шарл Бодлер и Блаже Конески за карикатурата“ 5. Милан Дамјаноски: „Драмската персона и драмскиот монолог во поетскиот дискурс на Конески“ 6. Милица Миркуловска: „Изразни средства со компонентата ’еротика‘ во две песни по повод 100 години Конески и 100 години Лем“ 7. Сања Михајловиќ-Костадиновска: „Конески и Лорка (можни книжевни паралели)“