Бирање семестар и предмети во студентскиот iKnow-профил:
1. Во табот „Запишани семестри“, во полето „Изберете семестар“, означете „Летен (202х/202х)“ и притиснете на копчето „Внеси“
2. Потоа, во табот „Предмети“ изберете ги предметите и притиснете на копчето „Запиши предмети“
Ве молиме, по извршеното бирање на предметите повторно да го проверите вашиот профил, односно избраните предмети.
Бирање семестар и предмети во студентскиот iKnow-профил:
1. Во табот „Запишани семестри“, во полето „Изберете семестар“, означете „Летен (2022/2023)“ и притиснете на копчето „Внеси“
2. Потоа, во табот „Предмети“ изберете ги предметите и притиснете на копчето „Запиши предмети“
Ве молиме, по извршеното бирање на предметите повторно да го проверите вашиот профил, односно избраните предмети.
Студентски прашања:
– Англиски јазик и книжевност
– Германски јазик и книжевност
– Македонски јазик
– Македонска книжевност
– Турски јазик и книжевност
Сала за толкување
– Преведување и толкување
– Француски јазик и книжевност
– Општа и компаративна книжевност
Лабораторија МОН1 (до Библиотеката на Катедрата за албански јазик и книжевност):
– Албански јазик и книжевност
– Италијански јазик и книжевност
– Славистика
– Шпански јазик и книжевност
ЕЛЕКТРОНСКО БИРАЊЕ: Ве молиме по извршеното бирање на предметите повторно да го проверите вашиот профил, односно избраните предмети.
1. Предмети кои ќе ги запишувате (слушате) во зимскиот семестар 2020/2021 задолжително претходно да ги изберете во iKnow.
2. Уплатница во износ од 750 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ , Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, на жиро сметка 100000000063095 депонент: НБРМ со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41
3. Потврда за уплата на 500 денари за: електронска евиденција и надомест за штети. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:Назив на примачот: Буџет на РМ – ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ Банка на примачот: НБРМ Сметка: 100000000063095 Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10 Приходна шифра: 723012 Програма 41
4. Пополнет индекс во кој се запишани претходно избраните предмети согласно упатството во прилог 2
5. Уплатница за школарина, уплатена на сума пресметана според тоа колку кредити запишува студентот, согласно упатството во прилог 1
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
– Согласно Правилата за студирање на студиските програми прв циклус универзитетски студии на Филолошкиот факултет кој гласи “студентите од прв циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале, најдолго во времето што е два пати подолго (4 + 4 години) од пропишаното траење на студиите”
– Студентите запишани во и по учебната 2013/2014 кои запишуваат задолжителен предмет по 3-ти пат поминуваат во квота со кофинансирање.
– Студентите запишани во и по учебната 2013/2014 година преминуваат од државна во квота со кофинансирање, ако при запишување на зимскиот/летниот семестар во учебната 2020/2021 година немаат освоено 50% од ЕКТС кредити во зимскиот/летниот семестар од учебната 2019/2020 година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.
– Студентите коишто го положиле последниот испит од студиската програма и им е останата само одбраната на дипломскиот труд треба веднаш по положувањето на последниот испит да го достават индексот во отсекот за студентски прашања за проверка на студентското досие и исполнетоста на условите за одбрана на дипломскиот труд.
– Студентите кои го имаат запишано дипломскиот труд и на кои рокот за изработка односно одбрана на дипломскиот труд го преминува рокот за запишување на зимскиот семестар вршат запишување на зимскиот семестар без уплатница за запишување на предмет т.е. кредити за дипломски труд. Оние студенти кои дипломскиот труд им останува како обврска во зимскиот семестар се должни истиот да го запишат.
– Студентите запишани во академската 2013/2014 должни се да ги завршат своите обврски согласно студиската програма до 30.9.2021 година.