Драги студенти, 
 
Рокот за пријавување за членови во Факултетското студентско собрание трае до 15.2.2024 (четврток). Веројатно, сите ние како студенти во даден момент сме го почувствувале апсурдот на ситемот и потребата за негова промена. Затоа членови во тело на студентите кое легитимно ќе ги претставува сите студенти на факултетот е клучно. 
 
Потребно е да се пријават уште четворица студенти од прва година и четврта година и еден студент од трета година за да добиеме шанса за формирање на легитимно тело кое ќе ги застапува студентите на Филолошкиот факултет. Пријавата треба да се достави во архивата на факултетот (се наоѓа во Деканатот) или да се прати на arhiva@flf.ukim.edu.mk.
 
Изборите ќе можат да одржат на 29 февруари 2024 (четврток), доколку има доволно пријавени членови од сите години.
 
Како студенти на Филолошки, не смееме да дозволиме да немаме глас и можност за носење на олдуки во органите на факултетот. 
 
Студентски поздрав, 
Досегашниот тим на ФСС.