прв циклус студии:

зимски семестар

Современ англиски јазик 1

Британска култура и општество

Психолингвистика

 

летен семестар

Современ англиски јазик 2

Американска култура и општество

Историја на англискиот јазик

Дел од своето основно образование го завршила во Канада (Онтарио). Со високо образование се стекнала на Филолошки факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за англиски јазик и книжевност (наставна насока), во 2005 година. Во 2010 година го одбранила магистерскиот труд на тема: Родовата обележаност во англискиот јазик одразена во пишаните медиуми и во учебниците по англиски како странски јазик. Докторската дисертација на тема: Категоријата број во англискиот и во македонскиот јазик ја одбранила во 2018 година, стекнувајќи се со научниот степен доктор на филолошки науки.

 

Работи на Катедрата за англиски јазик и книжевност од 2005 година. Од 2012 година предава Англиски јазик во струка 2 на Економскиот факултет, УКИМ. Предавала Англиски јазик на Правен факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, и тоа на групите за Новинарство и Политички студии.

 

Учествувала во бројни работилници и школи во земјата и во странство (како раководител и учесник), а со свое излагање била дел од научни и стручни собири организирани од универзитети во С. Македонија, Чешка, Португалија, Тајланд и Белгија. Одржала и 2 предавања по покана на универзитети (Србија, Босна). Ментор е на дипломски трудови, а учествува и како член во комисии за одбрана на дипломски трудови. Учесник била во два национални и еден меѓународен научен проект.

 

Оценувач била на делот говорење на испитите за B2 First и C1 Advanced, преку Британскиот Совет Македонија.

 

Го поседува серфикатот Cambridge CELTA (Certificate in English Language Teaching to Adults).

 

Креатор е на првиот деловен речник како мобилна апликација (2016).

 

Член е на професионални асоцијации и групи: eTwinning (еТвининг амбасадор), OED Researchers Advisory Group, и ESSE (European Society for the Study of English).

 

Книги (коавтор):

 

  1. 2023: Introduction to Psycholinguistics: Selected Readings
  2. 2023: Topics in Business English
  3. 2022: English in Aviation: A Content and Language Integrated Approach
  4. 2019: Business English 2
  5. 2018: Business English 1

Материјали за настава (основно образование):

 

  1. 2022: English 6: Practice Book
  2. 2022: English 7: Practice Book
  3. 2022: English 8: Practice Book
  4. 2022: English 9: Practice Book

Книга (автор):

 

  1. 2010. Родовата обележаност во англискиот јазик

Книги (преводи од англиски на македонски јазик; издавач Арс Ламина, Скопје):

 

  1. 2021: Мистериозниот случај во Стајлс (The Mysterious Affair at Styles. Agatha Christie)
  2. Зло под сонцето (Evil Under the Sun. Agatha Christie)
  3. Мртво тело во библиотеката (Body in the Library. Agatha Christie)
  4. 2018:Битлси, од Хантер Дејвис (Davies, Hunter. The Beatles)

Библиографија на научни и стручни статии:

 

  1. 2023: Naumoska, Aneta; Smilevska, Ivona. The importance of teacher awareness of student mental health in the EFL classroom. Educational Role of Language Journal. Volume 2023-1(9). стр. 65-79.
  2. 2022: Наумоска, Анета. Синтаксичко согласување по број во македонскиот и во англискиот јазик. Палимпсест. Год VII. Број 13, 2022. стр. 75-84.
  3. 2020: Naumoska, Aneta. Semantic number in relation to English language learner awareness. Educational Role of Language Journal. Volume 2020-1(3). стр. 17-30.
  4. 2020: Naumoska, Aneta. The Effect of Gender Inconsistencies in English on Construction of Student Identities (Eds: Daszkiewicz, Michal, & Dabrowska, Anna). In the Search of a Language Pedagogical Paradigm. Krakow: Impuls. стр. 199-208.

Линк:

https://www.macengdictionary.com