Методика на наставата по англиски јазик 1
Методика на наставата по англиски јазик 2
Практична подготовка за наставата по англиски јазик 1
Практична подготовка за наставата по англиски јазик 2.
Следење и оценување во наставата по странски јазик
Усвојување на англискиот како странски јазик
Проф. д–р Анжела Николовска дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1990 година. Добитник е на наградата „26 Јули“ од Фондацијата Франк Манинг за најдобар студент на генерацијата од Филолошкиот факултет во Скопје. Во завршната година од студиите, како студент на размена остварила двомесечен престој во Охајо, САД. Магистрирала во 1994 год. на Централноевропскиот Универзитет во Прага, а докторирала во 2006 год. на Филолошкиот факултет во Скопје на тема „Усвојување на вокабуларот на англискиот како странски јазик во Р. Македонија со посебен осврт кон стратегиите на учење“. Во 1998 година се вработува како асистент при Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет, во 2007 е избрана за доцент, во 2011 за вонреден професор, а во 2016 за редовен професор.
Учествува во голем број национaлни истражувачки и апликативни проекти, а ги иницирала и раководела проектите: The Storybook Project (уредник на едицијата Storytime и автор на дидактички материјали за основното образование), INSETT for PRESET (ко-раководител) и Развивање на јазичните компетенции на идните наставници по англиски јазик со примена на ЗЕРРЈ (УКИМ, главен истражувач). Како обучувач на наставници учествувала во низа работилници, а во рамките на проектот INSETT for PRESET обучувала наставници по англиски јазик за ментори.
Реализирала многубројни експертски и стручно-апликативни активности како што се: рецензирање учебници и стручни трудови, членство во факултетски комисии како и стручни комисии при Бирото за развој на образованието и МОН. Била претседател на Здружението на англисти на Република Македонија, претседател на Предметната матурска комисија за англиски јазик, член на првиот организационен одбор на Здружението на наставници по англиски јазик на Македонија (ЕЛТАМ) и член на уредувачкиот одбор на стручни списанија.
Остварила студиски престои при Центарот за современи јазици во Грац, учество во летни школи и обуки во организација на Британскиот Совет и TESOL, како и тримесечна онлајн обука од областа на оценувањето во организација на Универзитетот во Балтимор, САД. Менторирала повеќе дипломски, магистерски и докторски труда. Со свои прилози учествувала во голем број меѓународни и национални конференции. Членува во низа меѓународни професионални здруженија.
Книги:
Селектиранa библиографија:
Николовска, А. (2009). Стратегиите за презентирање вокабулар и нивното влијание врз сратегиите за усвојување вокабулар при изучување на англискиот јазик како странски во Р.Македонија. Годишен Зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, книга 35, 105-119. 6.
Николовска, А. (2009). Структурата на менталниот лексикон како фактор во усвојувањето странски јазици. Зборник во чест на проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова по повод 70- години од раѓањето. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „ Блаже Конески“, 209-216.
Nikolovska, A. (2011). Vocabulary learning strategy use of EFL Learners in R. Macedonia in correlation with language proficiency. Folia linguistica et literaria, 2011, 357–368.
Nikolovska, A. (2011). Gender and vocabulary learning in EFL: a case study from Macedonia. Belgrade BELLS, 3, 87–110. 10.
Nikolovska, A. (2011). Learner autonomy in the Macedonian EFL curriculum for secondary education and ways of promoting it through the EPOSTL. Зборник на трудови од Меѓународната конференција по повод 50-годишнината од постоењето на Катедрата за англсики јазик и книжевност. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2011, 49-56. 196
Николовска, А. (2012) Теоријата на повеќестраната интелигенција и нејзината примена во наставната практика. Годишен Зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, книга 38, 91 – 102.
Nikolovska, A. (2012). From Classroom Activities to Reading Tests. Paper presented at 7th International IATEFL TESOL ELTAM Conference, October, 27-28th, 2012, Skopje, Macedonia.
Николовска, А. (2013) Електронските ресурси на Британскиот Совет за изучување на англискиот јазик. Електронските ресурси и филолошките студии, Зборник на трудови од Прв меѓународен симпозиум. Скопје, 12-13 септ. 2013. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 327-333.
Николовска, А. (2014). Алтернативните форми на оценување во додипломската подготовка на наставниците по англиски јазик. Годишен Зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, книга 39-40, 211-222.
Nikolovska, A. (2015). Teachers’ Beliefs about Young EFL Learners’ Self-assessment: A Case Study of Macedonia. International Journal of English Language & Translation Studies, 3(4), 16-28.
Николовска, А. (2015) За самооценувањето на учениците: можности и предизвици. Литературен збор, 4-6, 141-150.
Николовска, А. (2015). Интегрирање на вокабуларот во наставата по странски јазик. Зборник на УГД. Штип: Универзитет „Гоце Делчев, 6, 265 – 273.
Nikolovska, A. (2015). The role of alternative assessment in developing pre-service EFL teachers’ teaching skills and fostering learner autonomy. Proceedings from the International Conference “Learner Autonomy in Higher Education”. Tetovo, 29.11. 2013. Tetovo: Univerzitet na Jugoistocna Evropa, 39 – 50.
Николовска, А. (2016). Возраста како фактор во учењето странски јазици. Просветно дело, 1, 2016, 5-15.
Nikolovska, A. (2016). Mentoring pre-service English teachers: mentors’ perspectives. International Journal of Scientific and Research Publications, Volume 6, Issue 5, 741-744.
Nikolovska, A. (2017). Assessing EFL student teachers’ competences: challenges and perspectives. In Nikodinovska, R. (ed.) Assessment in foreign language and literature teaching /Евалуацијата во наставата по странски јазици и книжевности, Filološki fakultet „Blaže Koneski“, Skopje, 439-450.
Николовска, А. (2017). Улогата на менторот во развојот на компетенциите на идните наставници. Просветно дело, 5, 36-46.
Nikolovska, A. (2017). The language needs of English language teachers: a needs analysis study. Paper presented at the ICSSH Conference: Changing the World: Challenges, Opportunities and Responsibilities, May 12- 14, 2017, Skopje, Macedonia.
Nikolovska, A. (2019). English Skills Plus. In Dellar, H. and Walkley, A. Outcomes, 214 – 217. CENGAGE/ Просветно дело.
Николовска, А. (2019). Ставовите на идните наставниците по англиски јазик кон автономното учење, Годишен Зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“ 2019, книга 45, 67-80.
Николовска, А. (2020). Осврт кон истражувањата на стратегиите за учење јазици карактеристични за успешните ученици. Просветно дело, 3, 33-4.
Nikolovska, A., Naumoska-Sarakinska, B., Bekar, M. and Trajkova-Strezovska, Z. (2022) Implementing a CEFR-based assessment in a teacher-training program at a North Macedonian University. Paper presented at the 11th CEFR SIG Meeting, EALTA Conference, June 6th, 2022, Budapest, Hungary.
Nikolovska, A., Bekar, M., & Trajkova Strezovska, Z. (2023). The impact of formative assessment on developing EFL student-teachers’ language competences as domain-specific. Studies in Linguistics, Culture, and FLT, 11(3), 27 – 43. https://doi.org/10.46687/FWVC2082